Го гледав балетот „Есмералда“ во МОБ и се разочарав од публиката- Зошто немаме култура за култура?
Истата госпоѓа не престана да џвака мастика, а и 2-3 пати направи балончиња и ги пукна - нешто што не доликува на местото каде што се наоѓаше.
Сакав да ѝ прокоментирам дека е некултурно, но се премислив - немаше да бидам ништо поразлична од неа ако „мрчев на глас“.
Наместо тоа, го погледнував другарот и „гласно“ превртував со очите.
Ѕвонењето на мобилните телефони среде претстава е уште една „болест“ од која не можеме да избегаме.
Иако пред почетокот на балетот, и на македонски и на англиски јазик посетителите ги потсетија дека треба да ги исклучат мобилните телефони, сепак, еден од нив заѕвони.
Доволно за да го слушнат сите во салата, а можеби и да се деконцентрираат балерините и балетаните на сцената.
Уште едно предупредување беше дека „е ЗАБРАНЕТО да се фотографира и снима во текот на целата претстава“.
Но, си страдаме од синдромот „да видат другите како културно се издигнувам“, па една девојка пред мене неколкупати го извади телефонот за да сними и фотографира (претпоставувам за на социјалните мрежи).
Редарите ја забележаа и ја опоменаа, па престана.
Дали навистина немаме доблест, свест и култура да се однесуваме пристојно во вакви институции и да ги следиме правилата?
Зошто ни е егото поголемо од забраните и зошто ни е јазикот „разврзан“ кога треба да молчиме?
До кога ќе се соочуваме со вакви примери од луѓе кои навистина немаат култура за култура?!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
А. Ј. | Црнобело / фото: Национална опера и балет