Кој ќе пее на плоштадите во Македонија и регионот за дочекот на 2025-та?

Северина во Сараево

Хрватската ѕвезда ќе настапи на плоштадот во Сараево.

Градските власти кои го најавија нејзиниот концерт, очекуваат во нивната престолнина да дојдат гости не само од Босна и Херцеговина, туку и од регионот.

Цеца Ражнатовиќ во Херцег Нови

Фолк-ѕвездата ќе има концерт на плоштадот во Херцег Нови, а македонските туристички агенции нудат аранжмани за организиран пречек во овој црногорски град.

Владо Георгиев во Будва

Српскиот шармер Владо Георгиев ќе ја забавува публиката што ќе реши да ја дочека Новата година на плоштадот во Будва.

Харис Џиновиќ во Белград

Во хотелите на српската престолнина ќе настапуваат најголемите ѕвезди од фолк и поп музиката, но на Плоштадот на републиката (Trg Republike) бесплатен концерт ќе одржи Харис Џиновиќ.

Пред него ќе настапат Жељко Васиќ и Марина Висковиќ.

А. Ј. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg