Кој ќе пее на плоштадите во Македонија и регионот за дочекот на 2025-та?

Охриѓани ќе ја дочекаат 2025-та со Каролина Гочева, Врчак е меѓу оние што ќе настапат на плоштадот во Кисела Вода во Скопје. Северина е најавена за Сараево, а Цеца ќе пее во Херцег Нови. Кои изведувачи ќе одржат бесплатни концерти за публиката на плоштадите кај нас и во регионот?

koj-kje-pee-na-ploshtadite-vo-makedonija-i-regionot-za-dochekot-na-2025-ta-01.jpg

Новогодишната еуфорија полека почнува да расте - празнични базари, новогодишни концерти на отворено, украсени плоштади...

Многумина веќе имаат план каде ќе ја дочекаат 2025-та, но има и такви кои сè уште немаат идеја каде ќе одат за најлудата ноќ.

Ако сте од овие вторите, тогаш може да изберете да отидете на еден од плоштадите во Македонија или во регионот, каде што ќе настапуваат домашни и регионални ѕвезди.

Па, без оглед дали сакате поп-музика или сте повеќе по народното, на плоштадите ќе има за секого по нешто.

Кој ќе пее на плоштадите кај нас, а кој ќе пее во регионот?

ДНК, Врчак, Лозано, Куку Леле и Игор Џамбазов во Кисела Вода

Во паркот пред салата „Расадник“ ќе се одржи концертот наречен „Скопската новогодишна приказна“.

А таму ќе настапат Куку Леле од 20 часот, Игор Џамбазов е од 21:15 часот, забавата ќе продолжи со ДНК & Врчак од 22:30 часот, а Лозано ќе го почне својот настап 30 минути по полноќ.

koj-kje-pee-na-ploshtadite-vo-makedonija-i-regionot-za-dochekot-na-2025-ta-04_copy.jpg

Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Димитар Андоновски во Битола

„Ноќ на нови почетоци“ е името на забавата што на 31.12 ќе се одржи во Битола, во рамки на проектот „Зимска приказна“.

Пред битолчани, но и сите што сакаат да ја дочекаат 2025 таму, ќе пеат Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, дувачкиот оркестар „Блезери“ и групата „Фонтана“.

Нивниот настап ќе почне во 22 часот и ќе трае до 1 часот по полноќ.

Загревање на плоштадот ќе биде рок-бендот „Б-52“, чиј настап ќе почне во 21 часот, а пред нив, од 20 часот, концерт ќе одржи Борче Наумовски.

koj-kje-pee-na-ploshtadite-vo-makedonija-i-regionot-za-dochekot-na-2025-ta-03.jpg

Каролина, Пајак и Наум Петрески во Охрид

Охриѓани и туристите кои ќе бидат во македонскиот бисер на 31-ви декември, ќе може да ја дочекаат Новата година на плоштадот и да уживаат во настапот на поп-ѕвездата Каролина Гочева, фолк-пејачот Наум Петрески и миленикот на младата публика - Пајак.

Истата вечер ќе настапат и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.

koj-kje-pee-na-ploshtadite-vo-makedonija-i-regionot-za-dochekot-na-2025-ta-04.jpg

Јелена Карлеуша во Крагуевац

Пејачката Јелена Карлеуша ќе пее на плоштадот во Крагуевац.

Таа на својот Инстаграм објави и видео во кое ги повикува жителите на овој град да дојдат и да ја дочекаат 2025-та со неа.

„Концертот е мојот подарок за вас“ - вели Јелена во видеото.

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg