Зад сцената на Макфест 2024 - како си поминав во Штип на дружба со пејачите и забави до зори?

Забави до зори, кафе на кое ќе седнеш со една екипа, а додека да станеш ќе се сменат неколку луѓе, дружење со музичарите и колегите новинари - зад сцената на Макфест е презабавно. Како си поминав минатиов викенд на фестивалот во Штип?

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-01.jpg

Макфест во Штип е најверојатно единствениот фестивал во земјава кој успешно постои цели 39 години.

По толку многу фестивалски изданија, огромен број хитови и забави, и по мои 29 години како новинар, дури и срам ми е да кажам дека годинава првпат во кариерата имав full макфестовско искуство.

Бев два дена во градот под Исарот за целосно да се фокусирам на фестивалот и на тоа што се случува зад сцената, а не само на она што го гледа јавноста на телевизија.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-39.jpg

Како си поминав на Макфест 2024 (зад сцената)?

Со години од колегите новинари слушам приказни за нивните макфестовски искуства, дружења во бекстејџот каде што се пејачите, новинарите, композиторите, за забавите во штипските клубови на кои сите земаат микрофон и пеат, за долгите ручеци на кои никогаш не знаеш кој ќе седне со тебе на маса, за сечењето на макфестовската торта за да се означи крајот на уште едно издание.

Не дека не сум била на фестивалот, во неколку прилики сум одела со музичари со кои се дружам приватно, но секогаш тоа било пред почетокот на нивниот настап, па откако ќе испееле, сме се враќале во Скопје.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-04.jpg

Така што, едно вакво дружење ми фалеше за да ми даде целосна слика за Макфест, но и за она што го пропуштав низ годините.

Со Софија, мојата колешка од CRNOBELO.com стигнавме во Штип еден час пред почетокот на дебитантската вечер.

Ова беше сосема доволно време да се освежиме и да ги земеме акредитациите (кои оваа година не беа „прес“, туку „екипа“ - crew), па се шегувавме дека со нив може дури и да излеземе на сцената и да запееме.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-35_copy_copy.jpg

Се прошетавме и на свечениот тепих (кој не беше црвен), а оттаму во бекстејџот, каде што почнаа да се појавуваат многу музичари кои не сум ги видела одамна.

Со нив малку си враќавме „филмови“ од минатото, малку муабетевме за тоа кој каде е во моментов.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-38_copy_copy.jpg

А, каснавме и мини пастрмалии кои беа дел од кетерингот зад сцената за пејачите да „замезат“ додека го чекаат својот настап (или откако ќе го завршат).

А во бекстејџот имаше супер опуштена атмосфера, дружење, многу смеење, но и по некој пејач кој не можеше да ја скрие тремата пред својот настап.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-02.jpg

Се пуштаа макфестовски песни, игравме на кореографии кои ни останале во глава уште од времето, и нормално, се пееше „Магија“ од „Магија“ како еден од најголемите хитови.

Не дочекавме да слушнеме кој од дебитантите влегол во финалето. Не дочекаа ни многу од нив, туку заедно заминавме во клубот каде што се одржуваше официјалното афтерпарти.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-30.jpg

Таму, во клубот, неколкумина се израдуваа кога слушнаа дека ќе пеат и на ревијалната вечер со големите музички ѕвезди.

За забавата беше задолжен Панчо од ДНК, односно диџеј Шорти, кој пушташе македонски ретро хитови, а гостите не престануваа да играат и да пеат додека ги слушаа песните од Ерзана, „Нови дечки“, Тони Зен, Каролина, Тоше, Врчак...

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-26.jpg

Кога стигнавме во хотелот, во исто време со нас влезе и Тамара Волческа. Додека го чекавме лифтот, ни покажа дека во рака ги држи вештачките трепки.

„Ми тежеа на очите, морав да ги извадам“, ми кажа таа.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-24.jpg

Ноќта беше приказна за себе. Мислам дека половина од луѓето во хотелот, чии соби гледаа кон Домот на културата „Ацо Шопов“ не склопија око.

Цела ноќ од Мостот на музиката, кој се наоѓа веднаш до хотелот, се слушаа инструменталки од десетина макфестовски хитови. Не ми помогнаа ни тампоните за уши да заспијам.

zad-scenata-na-makfest-2024-kako-si-pominav-vo-shtip-na-druzhba-so-pejachite-i-zabavi-do-zori-31.jpg

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg