Сиа, Daft Punk, Брејча - Музичари и бендови кои речиси никогаш не го покажуваат нивното лице

За да станете музичар, пред сè ви е потребен талент. Сепак, изгледа дека денес голема улога има и изгледот.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-01.jpg

Веројатно токму поради тоа, некои музичари и бендови одбиваат да го покажат нивното лице. Повеќето од нив сакат да бидат запомнети по нивната музика, а не нивниот изглед.

Некои, пак, едноставно сакаат да ја зачуваат својата приватност, па не го кријат само лицето, туку и нивниот идентитет.

Во продолжение погледнете некои од најпознатите музичари и бендови кои речиси никогаш не го покажуваат нивното лице:

Slipknot

Slipknot е хеви-метал бенд од САД кој постои уште од 1995-та година. Нивната музика можеби не е за сечиј вкус, но благодарение на морничавите маски, речиси секој може да ги препознае.

Членовите на бендот ги носат маските на сите настапи и настани.

Наводно, секој член го крие лицето под маска што треба да симболизира некоја лична карактеристика. Интересно е што ги менуваат маските на секои неколку години, бидејќи сметаат дека луѓето постојано се менуваат.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-02.jpg

Claptone

Claptone e германски музичар и продуцент, кој е најпознат по електронската музика. Секогаш кога настапува или се појавува во јавност, тој носи златна маска и бели ракавици.

Неговиот идентитет е непознат, па не се знаат никакви детали за неговиот живот.

Некои фанови се убедени дека Claptone се всушност две личности, бидејќи има настапувано на две места одеднаш.

Пред некое време музичарот изјави дека го крие идентитетот бидејќи сакал да допре до луѓето со неговата музика, а не преку озборувањата и гласините за неговиот приватен живот.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-03.jpg

Daft Punk

Daft Punk е познато електронско дуо кое го сочинуваат Французите Томас Бангалтер и Ги Мануел.

Уште од 90-тите дуото се прослави во Франција и Европа, најмногу поради нивните шлемови, елегантните костими и ракавиците.

Иако нивниот идентитет е познат, ретко кога даваат интервју или се појавуваат без шлемовите.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-04.jpg

Buckethead

Човекот зад познатиот Buckethead е Брајан Патрик Керол. Брајан е извонреден гитарист и има настапувано со бендови како Guns N Roses. Дури и самиот има напишано неколку композиции.

Кога е во улога на Buckethead, тој носи кофа од KFC на која е испишан зборот Funeral (погреб). Кога е на сцена, тој свири електрична гитара и понекогаш игра како робот.

Навистина е чудно што иако неговото име е познато, никој не знае речиси ништо за неговиот приватен живот.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-05.jpg

Сиа

Сиа е можеби најпопуларниот музичар на листава. Најмногу внимание привлече со нејзините текстови, нејзината храброст, но и необичната облека.

И покрај тоа што сите ја знаат, Сиа преферира да го крие нејзиното лице со перика и огромна панделка кога настапува. Наводно, го направила ова за да може да живее нормален живот.

„Сакам да одам до продавница без да ме следи некој и да се обидува да ме фотографира“, изјави пејачката во шоуто на Елен.

muzichari-i-bendovi-koi-rechisi-nikogash-ne-go-pokazhuvaat-svoeto-lice-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg