Coming 2 America со Еди Марфи и уште 9 одлични комедии кои ќе го растераат сивилото на денот
Поминаа цели 33 години откако излезе првиот дел од хит комедијата Coming to America со Еди Марфи. После 3 децении се собра целата актерска екипа со цел да го повтори успехот од првиот дел.
Но, мислењата се поделени. Дали веќе го изгледавте филмот? Дали ви се допадна?
Во секој случај, препорачуваме уште 9 одлични комедии кои ќе ве расположат и ќе го растераат сивилото дури и во најтажниот ден:
The Shithouse
Студент кој е носталгичен за домот. Откако ќе реши да отиде на забава тој ќе ја помине ноќта со асистентка од факултетот која и самата има прилично ужасен ден.
Downhill
Откако брачна двојка ќе преживее лавина на скијање, започнува вистинскиот хаос. Двајцата партнери започнуваат да ја преиспитуваат нивната врска и чувствата кои ги имаат еден за друг.
Friendsgiving
Моли и Аби се домаќинки кои организираат вечера за Денот на благодарноста. Заедно со нивните пријатели, ноќта се претвора во дисфункционален, комичен хаос.
Love Wedding Repeat
Џек се обидува да ја преживее свадбата на неговата сестра и да се погрижи сè да се одвива во најдобар ред. Помеѓу неговата поранешна девојка и онаа којашто сака да ја освои, тој го преживува истиот ден, одново и одново.
Spontaneous
Симпатична и смешна приказна за тинејџери кои полека созреваат и … експлодираат. Буквално. Кога главите на учениците почнуваат да експлодираат, Мара и Дилан се обидуваат да преживеат во свет каде што секој миг може да им биде последен.