10 етно ресторани низ Македонија, каде се негува традицијата - ракија во чоканче, специјалитети во грне
- Детали
- петок, 06 мај 2022
Со ракија во чоканче, топла пита, ајварче, пинџурџиња и македонски традиционални специјалитети послужени во грне, не може да не ви биде топло на душата. Дел од најубавите етно ресторани низ Македонија...
Кога ракијата ќе ви ја донесат во чоканче, ќе ве послужат со топла пита со сиренце, ајварче и разни пинџурчиња, тогаш на душата ви е топло, зарем не?
Секогаш сме за тоа да се негува традицијата, да се почитуваат македонските обичаи и јадења, да се памети историјата, па за нас етно рестораните имаат посебна магија.
Со дрвени столици, черги, чаршафи во црвено-бели коцки, среде зеленило, тие се совршен избор за викенд релаксација.
Со прекрасна кујна, топол персонал и специјалитети послужени во грне, атмосферата не може да не биде пријатна, зарем не?
Дел од најубавите етно ресторани низ Македонија:
Етно ресторан Куќа на Мијаците (во близина на манастирот Бигорски)
Ресторан - вила Осоговска куќа - Пониква, во близина на Кочани
Етно ресторан Дедо Димо - село Куратица, во близина на Охрид
Комплекс Минами - село Коњско, во близина на Охрид
Eтно ресторан Ранч - општина Ранковци, на околу 40km од Куманово
Уште 5 етно ресторани на следната страна...
Би можело да ве интересира:





