Поранешна стјуардеса од Србија открива: „На почетокот уживав, но потоа се изморив од куфери и хотели“
- Детали
- недела, 26 февруари 2023
„Предност е што ќе го пропатуваш светот, но со текот на времето почнуваш да се чувствуваш осамено среде таа толпа народ, ти недостига семејството, саканите луѓе, твојот кревет, чувството на припадност...“, споделува Наташа Бебиќ, поранешна стјуардеса од Србија.
Наташа Бебиќ е поранешна стјуардеса од Србија, која повеќе не ја работи оваа професија, но со задоволство ги споделува спомените и искуствата од неа.
„Како стјуардеса почнав да работам во 2016 година и првиот впечаток кога почнав да го работам ова ми беше дека сите мои колешки беа секогаш свежи и дотерани, совршено нашминкани и насмеани.
Всушност, благодарение на оваа професија, јас се заинтересирав за шминкањето и навиките за убавина.
Секојдневното шминкање пред лет, без обѕир на добата од денот дефинитивно направи да ја усовршам техниката на шминкање. Тоа полека ми стана хоби, а подоцна и професија“, вели Бабиќ.
Таа открива дека работата како стјуардеса не е воопшто лесна.
„Животот на една стјуардеса е многу динамичен и забавен, но на моменти и многу напорен. На почетокот уживаш, но потоа едноставно се изморуваш од куфери и хотели.
Предност е што ќе го пропатуваш светот, но со текот на времето почнуваш да се чувствуваш осамено среде таа толпа народ, ти недостига семејството, саканите луѓе, твојот кревет, чувството на припадност...
Во оваа професија мора да си трпелива, толерантна и во секој миг подготвена да одговориш и помогнеш, способна да останеш смирена и во кризни ситуации. Најважно е да имаш убава енергија.
Посетив 36 земји со оваа професија и тешко ми беше да дадам отказ по толку години летање. Некако се поврзав за авионите, за тој начин на живот, за пријателите кои ги стекнав.
Но, имав други цели во животот, се запишав на факултет во САД“, вели Наташа, некогашна стјуардеса.