Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест
- Детали
- вторник, 04 март 2025
„Тогаш уште немаше мобилни телефони, па ми го даде бројот од својот пејџер, а јас му ветив дека ќе го побарам. Излегувавме, а ништо не се случуваше. Многу ми беше сомнителен. Всушност, бев сигурна дека не му се допаѓам...“, раскажа во една пригода Сузана, сопругата на Саша Поповиќ. Парот беше 28 години во брак.
фото: Инстаграм
Саша Поповиќ (роден 1954) почина на 1-ви март во Париз, а веста го погоди целиот регион, а најмногу, нормално, неговото семејство.
Зад себе тој ја остави сопругата Сузана Јовановиќ со која беа 28 години во брак и нивните две деца.
Иако не им било секогаш лесно, тие успеале речиси 3 децении да го сочуваат нивниот семеен мир.
Нивната раскошна свадба се одржала во хотелот „Интерконтинентал“ во 1988 година, а меѓу присутните биле голем број на естрадни ѕвезди. Кума им била Лепа Брена.
Сузана во некои ситуации се шегуваше дека Саша „му пркосел“ на судбоносното ДА до 43-годишна возраст.
Првиот бакнеж им бил на свадбата на пејачката Злата Петровиќ, која му била поранешна девојка на Саша Поповиќ.
Во една пригода Сузана за српските медиуми раскажа:
„Моите родители не беа богати, јас бев девојче од работничко семејство.
Татко ми работеше во железара, како електричар на високонапонска струја, а мајка ми беше домаќинка. Ние, децата, бевме нејзина кариера.
Ќе собереа малку парички, па ќе ми дадеа и јас одев право во продавница за да си ја купам најубавата чоколада“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





