Тој беше во притвор за убиство на бившата, се познаваат со години – Кој е најскандалозниот пар во Србија?

„Инди беше лудо вљубена во Зоран“ – наводно ова е исказот што мајката на Зоран Маријановиќ ја дала во полиција уште во 2016-та година, кога се истражуваше смртта на брутално убиената српска пејачка Јелена Крсмановиќ Маријановиќ. Сега, по 7 години во притвор, Зоран и Инди се во врска.

toj-beshe-vo-pritvor-za-ubistvo-na-bivshata-se-poznavaat-so-godini-koj-e-najskandalozniot-par-vo-srbija-01.jpg

Сопругот на брутално убиената српска пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, Зоран Марјановиќ минатата година излезе во притвор, по 7 години поминати зад решетки.

Сега, на социјалните мрежи објави дека е повторно вљубен – во пејачката Инди Арадиновиќ која со години ги полни српските таблоиди со нејзините скандали.

toj-beshe-vo-pritvor-za-ubistvo-na-bivshata-se-poznavaat-so-godini-koj-e-najskandalozniot-par-vo-srbija-08.jpgЗоран Крсмановиќ и Инди Арадиновиќ

Веста за нивната врска изненади многумина.

Тие ги објавија првите заеднички фотки како заедно уживаат во џакузи, а Зоран пред извесен период призна дека Инди му го освоила срцето и дека тој се гордее со неа, додека таа, пак, рече дека Зоран е личност што лесно можеш да ја засакаш.

toj-beshe-vo-pritvor-za-ubistvo-na-bivshata-se-poznavaat-so-godini-koj-e-najskandalozniot-par-vo-srbija-03.jpgИнди Арадиновиќ

Во српските медиуми и таблоиди Зоран постојано е застапен во последните седум години, особено откако беше обвинет за убиството на неговата сопруга Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во 2017-та година, и беше осуден на 40 години затвор.

toj-beshe-vo-pritvor-za-ubistvo-na-bivshata-se-poznavaat-so-godini-koj-e-najskandalozniot-par-vo-srbija-02.jpg

По ова, таа пресуда му беше укината и по 7 години беше пуштен на слобода во 2023-та година, но тој сега пак се соочува со ново судење и тврди дека нема никаква поврзаност со убиството на неговата сопруга.

toj-beshe-vo-pritvor-za-ubistvo-na-bivshata-se-poznavaat-so-godini-koj-e-najskandalozniot-par-vo-srbija-06.jpgЈелена Крсмановиќ Маријановиќ

Според неговиот исказ, тој, неговата сопруга Јелена и ќерката Јана, на 2-ри април 2016-та година биле на насипот Црвенка во близина на Борча, каде пејачката требало да трча.

Наводно таа истрчала, додека тој со ќерката бавно шетал зад неа, кога во еден миг ја изгубиле од вид и повеќе никогаш не ја виделе.

Веднаш беше започната потрага, а следниот ден телото на Јелена беше најдено мртво во каналот, со видливи повреди на главата.

Иако оружјето со кое била убиена пејачката никогаш не било најдено, Зоран веќе седум години се обидува да докаже дека тој не ја убил сопругата, иако истрагата се обидува преку други докази да покаже дека тој е убиецот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg