Наташа, Русинка од Сибир омажена за Македонец: „Температурата паѓаше до -50°C, сега го обожавам моето сончево Крушево“

На колку години стапивте во брак и колку години веќе сте во брак? Која е тајната на вашиот успешен брак?

Стапивме во брак во 2019 година и сега сме во брак речиси 4 години.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-za-makedonec-temperaturata-pagjashe-do-50-c-sega-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-01.jpg

Хм, што да ви кажам за успехот во брак...? Љубов, но пред сè почит и разбирање и заинтересираност еден за друг и уште многу заеднички интереси во животот, како на пример музика, природа, шетање итн.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-13.jpg

Какви се Македонците како партнери? Во што се поинакви од Русите?

Тука има голема разлика со Русите. Македонците се многу трпеливи луѓе, со голема почит кон жените и затоа тука статистички има многу помалку разведени парови.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-12.jpg

Имаш ли деца? Како го прифатија твоето доаѓање во Македонија? Биле ли тука? Колку често ти ги посетуваш?

Имам една ќерка, која се вика Елена. Таа беше тука со мене во Македонија во 2015-та година.

Бевме еден месец во Охрид, а накратко го посетивме и моето омилено Крушево.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-02_1.jpg

Македонија ѝ остави многу убав впечаток. И кога разговарав со неа за мојата преселба во Македонија, таа од срце ми кажа: „Ајде мамо, пробај си, затоа што јас знам дека ти само таму можеш да бидеш среќна“.

Во текот на овие 4 години јас двапати бев кај неа… И постојано комуницираме електронски.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-04_1.jpg

Кое ти е омилено македонско јадење? Што ти беше најчудно од нашата кујна?

Добро прашање! Искрено, многу сакам ајвар, овчо сирење, пастрмка, плескавици…

Најчудна ми беше туршијата затоа што вие ја правите многу, многу кисела.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-03.jpg

Покрај Крушево, кое ти се други омилени дестинации во Македонија?

Многу ја сакам Струга. А и многу често со мојот сопруг посетуваме различни манастири.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-10.jpg

Јадеш ли крушевски локум и колбаси? Пиеш ли ракија? Ти се допаѓа ли?

На сите овие прашања имам еден одговор – ДА!

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-02.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg