Наташа, Русинка од Сибир омажена за Македонец: „Температурата паѓаше до -50°C, сега го обожавам моето сончево Крушево“

„Меѓу македонските и руските мажи има голема разлика. Македонците се многу трпеливи луѓе, со голема почит кон жените и затоа тука статистички има многу помалку разводи. Љубовта кон музиката на Тоше Проески првпат ме доведе во Македонија, но љубовта кон мојот сопруг ме задржа тука, а и крушевскиот локум е совршен“, вели Наташа Кондрашова (53) од Сибир за CRNOBELO.com.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-01.jpg

Наташа Кондрашова (53) живее во Крушево, а родена е во Пермската област во Русија.

Прва професија ѝ била метеоролог, другата - сметководство и финансии, а сега е во пензија, поради бенефицираниот стаж поради работа во тешки климатски услови.

Љубовта кон музиката на Тоше Проески за првпат ја довела во Македонија во 2012 година, но љубовта кон нејзиниот сопруг, кој го запознала во 2019 година, ја задржала тука.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-za-makedonec-temperaturata-pagjashe-do-50-c-sega-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-03.jpg

Наташа има една ќерка, која живее во Русија.

Таа прави споредба на животот во Русија vs. во Maкедонија и за CRNOBELO.com открива:

Kако беше да се живее на најстуденото место на светот?

Јас скоро цел живот живeeв во Северна Русија, Сибир, поточно во градот Тикси (Република Јакутија) и во град Воркута (Република Коми).

И нема да згрешам ако ви кажам дека таму навистина има многу сурови услови за живот.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-14.jpg

Просечните летни температури се околу 5/10 Целзиусови степени и просечните зимски температури се околу -35/-50.

Плус, има и „поларна ноќ“, кога околу 3 месеци воопшто нема сонце и „поларен ден“ кога сонцето не заоѓа и свети цело деноноќие, исто така околу 3 месеци. Навистина е тешко да се навикнеш на такви услови за животот.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-za-makedonec-temperaturata-pagjashe-do-50-c-sega-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-04.jpg

Како е сега кога живееш во Крушево? Можеш ли да направиш споредба?

Секако, можам да направам споредбата со живот во Крушево и тоа е со кратки зборови „Тука си уживам секој ден“.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-09.jpg

Велиш дека Тоше Проески те доведе во Крушево, а љубовта кон твојот избраник те задржа? Раскажи ни накратко за ова… Како се случи?

Јас сама бев во Македонија за првпат во летото 2012 година и тоа беше заради мојата бескрајна љубов кон Тоше Проески.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-04.jpg

И по првиот пат, се одлучив дека ќе одам за Крушево секоја година.

Овде најдов многу добри пријатели и пријателки, со кои почнав и да комуницирам на социјалните мрежи кога се враќав назад во Русија.

И еден од тие луѓе беше и мојот Драган, со кој се сретнавме во живо првпат на 9-ти мај 2019 година и оттогаш сме заедно.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-06.jpg

Го учиш ли твојот сакан Драган руски? Му готвиш ли руски јадења?

Тешко му оди рускиот јазик, ама може нешто да се разбере.

Му готвам и некои руски специјалитети, нешто му се допаѓа, а нешто не баш. 

На пример, јас најмногу сакам да јадам жива риба, деликатес кој го приготвувам со свежа пастрмка, но тој дури не може да гледа кога јас го јадам овој специјалитет.

natasha-kondrashova-rusinka-od-sibir-omazhena-vo-makedonija-go-obozhavam-moeto-sonchevo-krushevo-i-vashiot-ajvar-i-sirenje-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg