Кристина Димитри: „Горда сум на кариерата, за една година постигнав многу, поддршка за синот ми се само родителите и брат ми“
Омилена регионална ѕвезда, која ти е идол и пример...
Во животот не сум имала идоли. Сум имала само цели кои сакам да ги постигнам со својот личен идентитет.
На кои животни лекции те научи животот до сега?
Дека луѓето не се менуваат. И за среќата се молчи.
Имаш ли партнер? Што се случи со диџеј Боно со кој настапувавте заедно? Во каков однос бевте?
Немам партнер. А со Боно беше само професионален однос, никогаш не сме биле во каква било поинаква врска.
Во оваа работа некои работи се од променлив карактер, затоа и сега имам нов ДЈ.
На чија музичка кариера во Македонија се воодушевуваш?
Па, на својата бидејќи за година дена напорна работа постигнав многу. И знам со која страст и љубов го правам ова. И што е најважно со сопствен труд.
Си имала ли непријатна ситуација со некој фан?
Баш се радувам кога од еден град доаѓаат во друг на мој настап, само да ме видат.
Инаку, нешто од скоро време не е непријатно, ама е во секој случај интересно, е кога фан се појави пред мене и ме запроси.
Нормално беше одбиен, но интересното е што не е било кој (хе хе).
Се заработува ли добро од музика во Македонија? Дали реално е доволно за убав живот?
Во почетокот е најважно да вложувате повеќе отколку што заработувате. И нека ви биде цел кариерата, а не парите, а потоа со добра кариера, тука се и парите.
Дали си направила некаква корекција на твоето лице или тело?
Сакав многу работи да сменам, како и многу девојки, но за среќа ме премислуваат најблиските.
Сега сум многу свесна за себе не само физички, туку и психички. И не би менувала ништо повеќе.