Кристина Димитри: „Горда сум на кариерата, за една година постигнав многу, поддршка за синот ми се само родителите и брат ми“

„Баш се радувам кога фановите доаѓаат од еден град во друг на мој настап, само да ме видат. Неодамна фан ме запроси на настап. Нормално беше одбиен, но интересното е што не е било кој (хе хе). Инаку, најголема мотивација во животот ми е синот (6), со кој неодамна смисливме кореографија за „Морска ѕвездо“ од Тоше“, вели Кристина Димитри (26) за CRNOBELO.com.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-01.jpg

Кристина Димитри (26) од Тетово, e пејачка и модел, која има дипломирано на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.

Вели дека е навистина горда на себе затоа што за само една година успеала да постигне многу на музички план, а дека енергија црпи од публиката и пред сè од нејзиниот 6-годишен син Давид.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-11.jpg

За CRNOBELO.com Кристина споделува детали за кариерата, но и за приватноста:

Те запознавме како модел, во кој миг одлучи дека сакаш да се занимаваш со музика?

Ух, морам да започнам со воздишки. Бидејќи во јавниот свет влегов од мои 15 години и првата круна се случи истата година.

Мис на Македонија на толку малку години и остварување на сонот од малечка ми беше посебно чувство кое секогаш ќе го паметам.

Потоа, следуваа избори за Мис надвор од Македонија, патување по светот, безброј сликања, ревии за звучни имиња, нови титули итн.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-25.jpg

По моето повлекување и 5-годишна пауза, се вратив во јавниот свет случајно или пак тоа беше патот на кој ме врати универзумот. По земањето на лиценца за фитнес инструктор, станав и бренд амбасадор на „Kevin Levrone“ за Македонија.

Паралелно снимав песни од љубов неколку години и минатата година се случи првиот настап на кој сфатив дека таа енергија и љубов која ја добив од публиката е вредна, за да ја насочам цела љубов кон музиката.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-07.jpg

Паралелно одев на часови по пеење, имав ментор на кој му должам многу. По година дена настапи секој викенд, дојде време да се посветам на авторска музика, а мора да кажам дека ѝ го должам тоа на публиката.

Заборавив да споменам и дека во 2019 година освоив Мис Балкан, кој се одржа во Србија.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-19.jpg

Колку е тешко да се биде самохрана мајка и да се гради кариера едновремено? Кој ти е најголема поддршка?

Искрено мојот син е некој за кој сум спремна на сè, тој е мојата душа, мотивација и мојот свет.

Неодамна наполни 6 годинки. Најголема и единствена поддршка околу мојот син ми се моите родители и мојот брат, кој му е идол на мојот син.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-26.jpg

Омилени активности ни се да решаваме задачи, да снимаме ТикТок видеа, смислуваме приказни пред спиење, а со мојот брат сакаат да играат фудбал и двајцата секоја недела се во кино.

Сакаме и да пееме заедно, а сега баш пред некој ден смисливме и кореографија на „Морска ѕвездо“ од Тоше. И нешто што секогаш го правиме додека се возиме фамилијарно, мора да е пуштено радиото Антена5 во автомобилот и да играме сите.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-22.jpg

Имаш впечатлив и на моменти смел моден стил... Колку сметаш дека тоа е неопходно кога станува збор за ваков тип на работа? Колку сцената го бара тоа?

Сè зависи дали сакаш да изгледаш светски или „што ќе кажат другите“.

На сцена треба да изгледаш (сценски и светски), а кога ќе се симнеме од бината треба да размислуваме на тоа какви луѓе сме и што правиме погрешно и за осуда.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-08.jpg

Често добивам пораки „таа и таа те ископира“ и слично. Јас тоа го гледам само како позитивна работа, бидејќи јас сум таа на која се чека идејата и им се допаѓа мојата креативност.

kristina-dimitri-gorda-sum-na-karierata-za-edna-godina-postignav-mnogu-poddrshka-za-sinot-mi-se-samo-roditelite-i-brat-mi-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кристина од Скопје чува британски кратковлакнест мачор: „Оваа раса е одлична со деца, се продаваат п... „Кога моите близнаци беа мали, спиеше на ќош на кревет за едната шепа да му е во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg