Инспиративна жена: Зорица Црношија – дама со заразна енергија, уникатен моден стил и велосипед од 1995 година (фото)

Тајни за продуктивен ден?

Да постои таква тајна, веројатно би ја употребувала секој ден и би била одржлива. Но, за жал, не сум ја открила.

Секој ден е различен, а и ние не сме секој ден исти, со иста мотивација, енергија, волја и поттик.

Се туркам себеси секојдневно да извлечам максимум од секој ден. И тоа најчесто се сведува на ноќи во кои се чувствувам убиена од замор и лута на себе, што сум испланирала сè, само не и мала оддишка за ревитализација на умот и телото.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-09.jpg

Секогаш си насмеана, како успеваш, која е твојата тајна?

Благодарност кон сите благослови. Отворено срце и живот во уверување дека за да очекуваш подобро, треба да понудиш подобро. Себеси пред сè, а подоцна и на сите со кои си опкружен.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-10.jpg

И сметам дека радоста е во малите работи, како возење на мојот велосипед од 1995 година со моето семејство.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-17.jpg

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-13.jpg

Имаш јавно говорено за проблемите со несоницата? Те мачи ли уште?

Проблемите со недостатокот од квалитетен и здрав сон со времето малку олабавија, се разводнија и се разредија.

Иако, мала грижа или сериозна обврска и ете одново уште една непроспана ноќ.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-11.jpg

Тајната на добриот брак е...

Немам јас многу тајни, а ниту сум премногу мудар човек за да смислам нешто грандиозно, на што никој не се сетил досега.

Љубовта е труд, бракот е труд, семејството е труд. А за да се одржи сето тоа неопходни се двајца трудољубиви поединци.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-07.jpg

Што си посакуваш за 10 години?

Да бидам искрена, актуелниот спектар на случувања не е амбиент што би го избрала за себе и за своето семејство. Се штитам од овој токсичен свет со тоа што не дозволувам сите банални и патетични приказни да бидат дел од мојот ден.

Никој нема моќ да ме контаминира со негативност, бесмисленост, инфантилност и препотенцирање на ноторните вистини. Не прифаќам да бидам дел од групи чии вредности не споделувам.

И она што забележувам низ годините е дека се оддалечувам од луѓето, а се доближувам до себе.

Таму сакам и да останам за десет години. Блиску до себе и блиску до семејството.

inspirativna-zhena-zorica-crnoshija-dama-so-zarazna-energija-unikaten-moden-stil-i-velosiped-od-1995-godina-foto-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...
Мила ја живее својата есенска бајка во Орешани - со чајчиња со цимет, верверички и зимница (фото) „Според мене сите годишни времиња е поубаво да ги доживееш на село отколку во гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg