Средношколец од Неготино ја истражува Македонија со велосипед – во еден ден поминал 160km (фото)

Јани Иванов од Неготино е ученик во трета година во средното училиште СОУ„Св. Кирил и Методиј“ со интерес кон велосипедизам уште од најраните години, а во последните две-три години активно вози низ Македонија. 

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 10

Покрај тоа што ужива да патува со велосипед, Јани е дел од играорно друштво во неговиот град и посетува тренинзи по кик-бокс.

„Почнав да возам поголеми километражи благодарение на еден другар. Тој ме инспирираше најмногу зашто често го товареше велосипед со многу работи, а мене тоа ми беше интересно. Освен тоа гледав објави по социјалните мрежи од луѓе што возат на далечни дестинации и тоа ми беше дополнителен поттик да стартувам со истражување на Македонија, а потоа и подалеку“, споделува Јани кој обожава да прави фотографии со неговиот телефон за време на неговите велосипедски авантури.

Секогаш пред тргнување создава јасна цел во глава, си прави мапа за претстојната рута. Најчесто вози од неговиот град до некој друг град и попатни села, а посебно задоволство му прави возење низ шуми на високи места.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 4

„Од сите тури, најинтересна ми е беше она кога возев до Прилеп и назад, истовремено таа ми е и најдолгата. Една вечер заедно со другарите тргнавме да возиме во еден по полноќ. Прво ги поминавме селата Јасеново и Извор и накај патот за Прилеп го искачивме и Плетвар, каде на половина од патот го дочекавме изгрејсонцето.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 8

Потоа направивме пауза во планинарскиот дом Дервен, имавме доволно време да се одмориме и да направиме по некоја фотка, а потоа се спуштивме до Прилеп и го посетивме Прилепското Езеро. Имавме време да свртиме и некој круг низ град, а на враќање одлучивме да го посетиме и Мермерното Езеро.

Искачувањето беше доста напорно, но на крај се исплатеше… Откако го спуштивме Плетвар, поминавме и до Кавадарци и Градско, а јас од таму продолжив за Неготино“, раскажува Јани за својата прва голема авантура на која е посебно горд.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 2

Јани во еден ден има поминато 160 километри. Многу често знае да вози и во ноќните часови, а тогаш, како што вели тој, доживувањата се посебни поради тишината и ѕвездите што сјаат на небото.

„Сум имал секакви случки, некогаш среде возење се случувало да ми се дупне гумата, а тоа е и најчестиот проблем со кој се соочувам. Еднаш морав да сменам три гуми во еден ден, тоа ми беше најмачното возење…“, се присетува Јани.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 1

Понекогаш се случувало да заглави во густ сообраќај или да се најде на тесен пат, но во такви ситуации Јани многу внимава, зашто со мало дефокусирање можат да настанат незгодни ситуации.

„Се случува кога ќе влеземе во некои села, луѓето да почнат да се интересираат за нашето патување. Нè прашуваат од каде сме, каде возиме… Имам сретнато многу фини луѓе, а еднаш еден дедо ни ја раскажа целата негова младост“, се присетува Јани.

Ранецот на секое патување му е полн со резервни гуми, батерија на полнење, светла, облека, јадење, а понекогаш и алат.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 7

„Да заминам на пат околу светот тоа би ме направило навистина среќен, затоа што ќе можам да го остварам својот сон. Сега откако ќе наполнам 18 години ќе возам до Грција, да го посетам Солун, потоа ќе возам до Воден и таму ќе ги посетам водопадите. Од таму ќе ја поминам границата и ќе наминам до Битола, па до Прилеп и на крај се враќам во моето Неготино“, споделува Јани за следните тури што планира да ги оствари наскоро.

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 5

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 6

jani ivanov od negotino makedonija e prekrasna da se istrazi so velosiped a ednas eden dedo ni ja raskaza celata svoja mladost 3

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg