Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отидеш ни кај семејството“

Каква е локалната храна? Дали ти е по вкус или не ja јадеш?

На почетокот не ми се допаѓаше многу нивната храна, но и јас во тоа време бев премногу пребирлив и не јадев многу работи. Сега уживам во нивната храна.

Тука највеќе се јаде морска храна, но трпезите изобилуваат и со секакви видови месо на скара.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-07.jpg

Кога ќе ти дојдат гости од Македонија, каде ги шеташ?

Постојат неколку места на кои сакам да ги носам гостите, а тоа се Roque Nublo, плажата Анфи, Mogan, Музејот на Кристофер Колумбо, но и многуте плажи и преубави мали селца што ги има на островот.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-13.jpg

Твојата сопруга е од Гранд Канарија. Дали веќе била кај нас и што ѝ се допаѓа најмногу кај нас?

Секогаш кога доаѓам во Македонија, таа ме придружува.

Анабел не сака да пропушти да ја посети Македонија никогаш.

Ѝ се допаѓа многу самата земја, но и македонската храна и гостопримливоста.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-19.jpg

Ти недостига ли Македонија? Колку често се враќаш дома?

Доаѓам обично еднаш до двапати годишно.

Да, ми недостига кога не сум таму, но секогаш кога ќе дојдам и треба да извадам некој документ или да завршам некоја административна работа, се потсетувам зошто си отидов.

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-11.jpg

Што македонско најмногу ти недостига кога не си тука?

Најмногу ми недостига мојот внук и остатокот од мојата фамилија, моите другари и македонската традиционална храна.

Повеќе фотографии од Бојан на Канарски Острови:

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-14.jpg

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-18.jpg

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-02.jpg

bojan-od-skopje-zhivee-na-kanarski-ostrovi-lokalcite-se-druzheljubivi-no-nenajaven-ne-mozhesh-da-otidesh-ni-kaj-semejstvoto-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg