10 трикови кои ќе го разубават и најздодевниот дом на планетата
Покажете го вашето хоби
Сакате да патувате? Одлично, декорирајте ги ѕидовите со разгледници од земјите што сте ги посетиле.
Сакате музика? Гитарата нека има почесно место и гостите веднаш нека сфатат дека сте уметничка душа. Вашиот дом на овој начин ќе стане уникатно место.
Додадете полици
Со полиците во дневната соба и кујната ќе му дадете карактер на вашиот дом, плус ќе имате дополнително место за складирање на некои работи.
Полиците бојадисајте ги во иста боја како ѕидовите и ќе бидете импресионирани од резултатот.
Распоредете го мебелот поинаку
Ова е наједноставниот трик, но не го правиме од мрзеливост.
Со промена на местото на вашиот кауч поблиску до прозорецот, плус да не биде залепен до ѕидот, ќе го размрдате вашиот мозок.
Дадете му шанса на балконот
Балконот навистина нема потреба да го користите како шпајз. На вашите скии, стари работи и кутии не им е местото таму. Ослободете се од ѓубрето, а другото складирајте го правилно.
Ќе ви се ослободи простор и таму ќе може да си ставите саксии со цвеќе, да вежбате јога, да ставите столчиња за пречекување на гости итн.
Купувајте цвеќе
Оваа мала инвестиција ќе направи вашиот дом да изгледа префинето и ќе му даде свежина.
Ставете шарено цвеќе во некоја голема ваза, а ако сакате да биде подолгорочно, тогаш купете вештачко цвеќе, но убаво аранжирајте го.
С. С. | Црнобело