10 трикови кои ќе го разубават и најздодевниот дом на планетата
Истакнете го вашето хоби, преуредете го мебелот, додадете боја, ставете свежо цвеќе и уживајте во атмосферата.
Дали ви е здодеано од атмосферата во вашиот дом и сакате нова енергија, но буџетот ви е ограничен?
Ако се соочувате во вакви главоболки, тогаш овие трикови се вашето решение. Со нивна помош ќе додадете топлина и ќе го разубавите вашиот дом.
Трикови за вашиот дом да не биде најздодевниот на планетава:
Додадете светлина
Исфрлете ги сите непотребни работи и дозволете во вашиот дом да влегува природна светлина од прозорците.
Дополнително додадете светлина во вашиот дом со купување на модерни ламби и ставање на свеќи за романтика во ноќите.
Декорирајте ги ѕидовите
Закачете уметнички дела, фотографии од вас или постери. Ако имате колекција од плочи и албуми, тогаш декорирајте и со нив.
Вашиот дом нека говори за вашиот карактер.
Додадете светла точка
Без разлика дали станува збор за фрижидер, фотелја, маса или пак перници во боја, мора да имате светла точка која ќе му дава живост на вашиот дом.
Купете нова постелнина
Сет нови чаршафи или завеси може да направат чуда за вашиот дом. Ставете лесни материјали со интересна текстура и дезен.
При изборот ослободете го уметникот од вас.
Инвестирајте во убав килим
На овој начин ќе му дадете топлина и уникатна нота на вашиот дом, а ќе ги сокриете старите подови.
Килимот нека биде во хармонија со перниците и завесите во вашиот дом. Кул дизајнот ќе направи да сакате да си седите на него.