Практични решенија за вашето поткровје
Понекогаш колку и да ни изгледаат симпатични, не можеме да им пронајдеме соодветна намена на тие неколку квадратни метри на врвот од домот.
За конечно да ги решите вашите дилеми, ова се неколку идеи како може да го уредите вашето поткровје:
1. Под закосениот дел можете да ставите внатрешен гардеробер кој ќе ви служи за сортирање на облеката или предметите кои не ги користите секојдневно.
2. Можете да направите полица на која ќе стојат книгите, а во меѓупросторот да направите дрвена клупа за седење со многу пернички.
3. Ставете стара и претапацирана, ретро фотелја во комбинација со мала масичка и неколку топли детали покрај прозорецот. Тоа може да биде ваше катче кога ќе посакате да уживате во самотијата и мирот.
4. Од поткровјето можете да направите спална соба. Идеално решение за неочекуваните гости на преспивање.
5. Поткровјето претворете го во домашна игротека. Овозможете им на вашите најмлади простор во кој креативно ќе може да се изразат и да уживаат во светот на играчките и боичките.