Славни личности чии имиња цел живот ги изговараме погрешно
Холивуд нè навикна да ги изговараме имињата со американскиот нагласок, без разлика од каде потекнуваат актерите.
Но, што ако ви кажеме дека Шарлиз Терон всушност се изговара поинаку од тоа што досега сме го правеле?
Се сеќавате на актерката чие име се изговараше и транскрибираше како Саориз, Саризе и како уште не? Секако, се работи за Серша Ронан (Saoirse Ronan). Во многу нејзини гостувања таа открила дека ѝ се обраќале и со Суарез, Шерси, Шмерса, Сориси...
Во Шарлиз Терон (Charlize Theron), буквата „о“ во името воопшто не се изговата како „о“. Така, точниот изговор би бил Шарлиз Терен, но актерката се има помирено со холивудската верзија на своето презиме.
Како се изговата Chiwetel Ejiofor? И ова име беше една од најголемите мистерии во Холивуд. Не е ниту Чиветел ниту Чјуител, туку Чуител Еџиофор.
Иако не е тешко, многумина беа збунети од изговорот на актерката Клое Севињи, изговарајќи ја како Клои, ненавикнати на умлаутот над буквата „е“, кој всушност покажува дека таа буква треба да се изговори, без разлика што има пред или по неа.
Кој би рекол дека погрешно ја изговараме и Деми Мур? Ако се следат правилата, изговорот би звучел повеќе како Дами Мур.
Ѕвездата од „American Horror Story“ и „Empire“, запишана како Gabourey Sidibe, правилно се изговара Габореј Сидибеј.
Сите го обожававме Метју Меконахи во „True Detective“, но тоа не нè научи дека правилниот изговор на името на актерот е Метју Мекoнахеј. Точно, многу самогласки на едно место збунуваат, па затоа ниту самите актери често не замеруваат што јавноста го изговара она што им е полесно, а не правилното.
Но, што е со Mia Wasikowska? Нејзиното име правилно изговорено е Миа Вашикофска.
Името на Мила Јовович можеби е лесно за нас, но нејзините колеги често го изговарале погрешно, ненавикнати на имиња и презимиња со потекло од словенските јазици.
„Во Америка сите го кажуваат моето презиме погрешно, но јас се научив да бидам љубезна“, изјавила актерката Рејчел Вајс, чие презиме Weisz беше збунувачко за нејзините соработници и за медиумите.
Згодниот сопруг на Софија Вергара често го изговараме како Џои Манџанело, но неговото правилно изговорено име гласи Џо Манганело.
За крај на оваа листа, една добро позната пејачка која ја испеа носечката песна за „Frozen“. Нејзиното име се изговара Ајдина Минзел.
Е. Д. | Црнобело