5 работи кои може да ги правите дома, додека надвор е пекол жешко

Кога температурите ќе се зголемат над 30-иот степен, желбата за било каква активност надвор од дома како да опаѓа.

5-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-doma-dodeka-nadvor-e-pekol-zesko-001.jpg

Но, тоа не значи дека треба да се затворите дома и половина ден да гледате во екранот на мобилниот телефон.

Има најмалку 5 работи кои може да ги правите дома, под клима, додека надвор е неподносливо топло:

Подготовка на ладен сос од домати

Во блендер ставете неколку убаво исчистени домати заедно со малку лук, зачини, маслиново масло и сол и мешајте додека не добиете ладен сос. Потоа подгответе си тестенини со него или некое друго јадење по желба.

Натпреварувајте се

Вклучете натпреварувачки дух дури и за најсекојдневните обврски. Поставете си временски рок за одреден број на обврски (пример, во текот на наредниот 1 час треба да промените постелнина, да ги навадите сите цвеќиња и да ги пребришете сите кујнски апарати) па потоа наградете се, доколку успеете да направите сè.

Маратон со документарни филмови

Наместо да гледате акции или романтични комедии, пуштете некој документарец и научете нешто ново.

Посветете се на домашната градина

Купете ѓубриво, нови украсни садови и интересни додатоци за цвеќињата, па преуредете го катчето зеленило.

Средете ги шкафчињата и фиоките

Топлите денови се вистинско време да потсредите по дома, посебно деловите во кои постојано ги фрлате ситниците.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg