Глобалниот коефициент на интелигенција опаѓа - но, зошто?

Пред 50 години, луѓето верувале дека во 2018 година ќе бидеме во многу подалечна еволуциска етапа и дека ќе живееме иднина како од филмовите. Вистината е, всушност, дека во 2018 година поминуваме бесконечни минути гледајќи видеа од гмечење „слајми“ на Инстаграм и си додаваме уши и мустаќи на селфињата на Снепчет.

globalniot-koeficient-na-inteligencija-opagja-no-zoshto-01.jpg

Со достапноста на образованието и технологијата, нештата требаше да бидат многу поинакви, но како што поминува времето, се чини дека луѓето стануваат сè посмотани, а коефициентот на интелигенција опаѓа и по 7 поени со секоја нова генерација. Ова е сосема спротивно на ситуацијата од минатиот век, кога со секоја нова генерација, растеше и просечниот коефициент на интелигенција.

Со споредба на резултатите од тестови за интелигенција од 1970 до 2009, може да се заклучи дека во просек е забележан пад од 0,03% секоја година, односно падот во последната деценија го „преклопува“ растот што се случувал дотогаш.

На што се должи тоа?

Не може точно да се прецизира што ги прави луѓето генерално поглупави споредени со оние од пред 2 до 3 генерации. Но, како фактори кои влијаат, може да се споменат квалитетот на исхраната, стресот и животниот стил.

Сè помалку време поминуваме во реална социјализација, а сè повеќе пишувајќи пораки, мејлови, статуси и твитови. Многу луѓе избираат да прават нешта сами, наместо да вклучат и други во активноста.

Се јаде „од нога“, не се внимава на квалитетот на исхраната, ниту пак на тоа колку сме изложени на стресови. Всушност, сетете се само колку време поминувате на социјални мрежи, наместо да пиете кафе со пријателите, да изгледате некоја емисија или да прочитате книга.

globalniot-koeficient-na-inteligencija-opagja-no-zoshto-02.jpg

Дали можеме некако да ја спасиме ситуацијата?

Еден човек не може да го поправи впечатокот за целата толпа, но сепак постои надеж дека ќе се воспостави баланс и дека падот на глобалниот просечен коефициент на интелигенција ќе се намали.

Обидете се да спиете доволно, за да ја задржите продуктивноста и да ги зајакнете нервните врски. Одморениот мозок е поспособен да памети и логички да поврзува делови од некоја целина.

Јадете зеленчук, најмалку осум парчиња во текот на денот. Наместо да купувате од маркет, отидете на пазар и купете од продавач од доверба. Дополнете ја исхраната со овошје, добри масти и растителни протеини, а исфрлете индустриски процесирана храна.

Земајте суплементи во консултација со вашиот доктор, бидејќи голема е веројатноста да имате недостаток на некој витамин или минерал, токму како последица на стресот и брзото темпо на живеење.

Зачувајте ги добрите бактерии кои живеат во вашето тело. Не земајте антибиотици ако нема апсолутна потреба од тоа, ниту пак не претерувајте со употреба на средства за дезинфекција.

Воспоставете и држете се до природен циклус на спиење и будење. Навиките не се добра работа, освен кога спиењето е во прашање. Само со добра ноќна навика, ќе успеете преку ден да бидете максимално концентрирани и способни за памтење. Спијте боси и отстранете ги сите извори на т.н. сина светлина (светлина која потекнува од електронски уреди), како што се компјутерот, мобилниот телефон или модемот и рутерот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg