Вештини и способности кои постарите генерации ги имаат, а кај младите полека исчезнуваат
Живееме во модерно време каде вештините кои порано биле од големо значење и вредност, со тек на време избледуваат.
Она што некогаш се пренесувало од генерација на генерација, денешните млади не го прифаќаат, бидејќи имаат други приоритети.
Па така, многу важни и корисни вештини кои постарите ги поседувале, младите никогаш нема да научат да ги прават.
Новата технологија, интернетот и виртуелизацијата го менува човекот целосно, повеќе од било кога во историјата.
По тој повод, спроведено е истражување, во кое вештините на повозрасните луѓе (над 55 години) се споредени процентуално со оние на младите генерации (25-34).
Погледнете кој колку и што знае:
Гледање на аналоген часовник: Постарата генерација – 90%, помладата генерација – 61%
Пресметување на должина и тежина без калкулатор: Постарата генерација – 90%, помладата генерација – 52%
Компетентно менаџирање на приходот: Постарата генерација – 86%, помладата генерација – 52%
Соодветно пеглање на кошула: Постарата генерација – 84%, помладата генерација – 51%
Шиење копче: Постарата генерација – 81%, помладата генерација – 41%
Соодветно чистење на чевли: Постарата генерација – 77%, помладата генерација – 28%
Однесување според бон-тон: Постарата генерација – 77%, помладата генерација – 39%
Помнење на таблица множење: Постарата генерација – 79%, помладата генерација – 41%
Помнење на граматички правила: Постарата генерација – 72%, помладата генерација – 39%
Соодветно сервирање на маса: Постарата генерација – 70%, помладата генерација – 39%
Заинтересирани за градинарство: Постарата генерација – 66%, помладата генерација – 22%
Правилна реакција при горење: Постарата генерација – 62%, помладата генерација – 32%
Соодветно чистење дамки на облека: Постарата генерација – 58%, помладата генерација – 31%
Снаоѓање на мапа и компас: Постарата генерација – 58%, помладата генерација – 24%
Играње шах: Постарата генерација – 44%, помладата генерација – 27%
Самостојно менување гума на автомобил: Постарата генерација – 43%, помладата генерација – 24%
Палење оган: Постарата генерација – 33%, помладата генерација – 19%
Готвење џем: Постарата генерација – 31%, помладата генерација – 16%
М. М. | Црнобело