Пензионери кои годините не ги спречуваат за да го прават она што го сакаaт
Можеби сте навикнати на фактот дека ретко кои постари луѓе водат грижа за животниот стил како во младоста, но сепак постојат и такви.
Тие понекогаш знаат да имаат помлад дух отколку оние кои се вистински помлади од нив според возраста.
Па така, овие примери се пример за пензионери на постари години кои очигледно ништо не ги спречува да го негуваат своето хоби и да го прават тоа што ги усреќува.
Погледнете ги овие харизматични пензионери кои може да бидат инспирација дури и за помладите:
indaandwinks
Таа сфатила дека после 60-тата година всушност животот почнува и се вратила на модната индустрија.
Сега има речиси 70 години, стилист е во Њујорк и се појавила на неколку реклами.
drjlife
Ако мислевте дека не може да изгледате кул на 79 години, овој дедо ќе ве разубеди во тоа.
Тој е терапевт за семејни односи, а неговата пасија е бодибилдинг и тренира 3 пати неделно.
daphneselfe
Можеби веќе ви е позната како најстар модел кој има 89 години и позира за големи брендови како Dolce & Gabbana, Ralph Lauren и Harper's Bazaar.
saramaijewels
на 63 години таа важи за стилска икона и дизајнер на накит, а нејзините храбри комбинации ги споделува на Инстаграм.
Yvonne Daulin
Пред 10 години имала сообраќајна несреќа и докторите ѝ забраниле и да помислува на лизгање, но таа на 90 години совршено лизга на мраз, а дури и се натпреварува низ Америка.
iris.apfel
90-годишната баба е познат американски дизајнер, а повеќе од 40 години во животот посветила на внатрешен дизајн.
М. М. | Црнобело