Подароци кои низ светот се сметаат за непристојни и забранети

Во некои земји верувањата и традициите се толку многу поразлични од нашите, што не е тешко да направите грешка која може да ви ја даде титулата „најлош гостин“.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-001.jpg

Па, додека кај нас е сосема нормално да подарите шапка или штикли на жена која добро ја познавате или едноставно подарокот да го завиткате во црвена хартија, во различни земји во светот ова има сосема поинакво значење.

Што никако не смее да подарите во земјите низ светот, бидејќи се смета за непристојно?

1. Чевли и шапка

Во Кина е забрането да подарите шапка, посебно во зелена боја. Со оглед на тоа што фразата „носиш зелена шапка“ во Кина значи дека сопругата ве изневерува, би било логично.

Исто така, во Кина за Нова година никако не смее да подарите штикли, посебно не на девојката или сопругата. Зборот штикли на кинески звучи многу слично со зборот злоба, па се верува дека токму поради тоа може да ве следи несреќа во годината која доаѓа или девојката/жената на која сте ѝ ги подариле да си замине во истата секунда.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-01.jpg

2. Боја на хартијата во која е спакуван подарокот

Во Хонгконг не смее да подарите подарок завиткан во нешто сино, бидејќи сината боја се смета за тажна боја и симболизира жалење. Од истата причина, во Бразил не користете виолетова хартија, а во Јапонија – црвена.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-02.jpg

3. Цвеќиња

Во повеќето европски земји се смета дека непарните броеви се прифатливи, со исклучок на бројот 13. Во Австрија бројот 12 се смета за несреќен, во Италија бројот 17, а во Јапонија кога се купува цвеќе се избегнуваат броевите 4 и 9.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-03.jpg

4. Играчки

Во Малезија има подолга листа на работи кои не би требало да ги подарите, меѓу кои спаѓаат играчките во облик на прасиња и кучиња.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-04.jpg

5. Остри предмети

Во голем број од земјите низ светот се смета за непристојно доколку подарите остри предмети како нож, ножици, па дури и чадор. Според верувањата, острината има моќ да ги „пресече“ односите и близината.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-05.jpg

6. Цвеќиња со повод

Низ цел свет цвеќињата може да се носат во секоја прилика и за секаква пригода, но во Египет букетите се подаруваат исклучиво на венчавка или во болничка посета.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-06.jpg

7. Пари

Ако сакате да подарите пари, во Индија не смее да дадете заокружена цифра. Пример, ако кај нас 50 евра се нормален свадбен подарок, во Индија 51 евро ќе се смета за посреќен подарок.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-07.jpg

8. Картичка или порака

Во Јужна Кореја црвеното мастило е забрането, бидејќи симболизира прекин на врските и контактот.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-08.jpg

9. Сувенири

Во Сицилија постои верување дека доколку подарите сувенир во облик на мачка на лице кое неодамна правело веридба, може да го нарушите неговото здравје.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-09.jpg

10. Парфем

Во дел од европските земји се верува дека парфемот може да ја ослаби љубовната врска доколку го подарите на саканата личност. Брзото ветреење на мирисот може да симболизира брзо „испарување“ на емоциите кон таа личност.

podaroci-koi-niz-svetot-se-smetaat-za-nepristojni-i-zabraneti-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg