7 причини зошто барем еднаш во животот треба да појдете на крстарење со крузер

Од недогледно синило до посета на повеќе дестинации наеднаш, зошто крстарењата со брод се добар избор?

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-01.jpg

Мислењата околу крстарењата се поделени. Има такви кои одлучиле дека постојано ќе oдат на таков тип на одмори и други кои воопшто не планираат да им дадат шанса во животот.

Сепак, крстарењата со крузер имаат многу позитивни страни, еве дел од нив:

Евтини се – Иако, на прв поглед можеби не ви изгледа така, но ако најдете добра понуда за крстарење ќе минете многу поевтино отколку со плаќање на авион, хотел, па можеби и дополнителни оброци и активности.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-03.jpg

Тие се „all-inclusive“ – Во цената ви е вклучено речиси сè што ви е потребно, од базени до фитнес центри.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-04.jpg

Симбол се за безгрижен одмор – Тука го немате стресот на барање хотели, избирање начин на превоз, сè ви е средено и треба само да се релаксирате.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-05.jpg

Имате огромен избор на храна – Одморот ќе ви изгледа како 24-часовна гозба. Имате полна трпеза со огромен избор на храна, па дури и услуга во соба.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-06.jpg

Ќе запознаете интересни луѓе – Ќе ги гледате постојано истите луѓе и, иако некои ќе ве нервираат, други ќе ви се допаднат многу, па може дури да ви станат и најдобри пријатели. Ќе имате шанса комплетно да ги запознаете.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-07.jpg

Имате шанса да ги видите најубавите места на светот – Ќе истражувате плажи, историски локалитети, антички руини, модерни градови и што уште не. Од Алјаска до Бахами, изборот останува на вас.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-08.jpg

Ќе можете комплетно да се исклучите – Вашиот телефон на отворено море нема да фаќа сигнал, а интернетот на бродот е скап, па ќе можете комплетно да се релаксирате.

7-prichini-zoshto-barem-ednash-vo-zivotot-treba-da-pojdete-na-krtstarenje-so-kruzer-09.jpg

Сепак, крстарењата имаат и негативни страни, па фер е да ве предупредиме и за нив.

Потсетете се на 12-те причини зошто крстарењето со крузер може да биде хорор филм!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg