Трикови за олеснување на секојдневието на кои луѓето се сетиле во мака

Понекогаш, луѓето во мака се најкреативни и наоѓаат начини како да си го олеснат секојдневието.

trikovi-za-olesnuvanje-na-sekojdnevieto-na-koi-lugjeto-se-setile-vo-maka-01.jpg

Секој се соочува со различни проблеми кои сака да ги реши, па можеби некој од нив и вам ќе ви заврши работа.

Корисниците на Reddit во една дискусија споделувале кој како се снашол во одредена ситуација.

Па, во продолжение погледнете неколку совети кои може да ви бидат од корист:

„Мразам да чистам по цели денови, па се сетив на еден трик, за да го намалам времето поминато во чистење. Секој ден, кога си доаѓам дома, местам тајмер на точно 10 минути и средувам сè што можам. Независно какви планови имам, овој 10-минутен ритуал не се менува и секогаш е чисто.“

„Распоредот за спиење многу ми помогна. Порано заспивав кога сакав и телото ми беше уморно. Кога тоа знае дека има точно време за спиење секојдневно, се подготвува однапред. Сега веќе не ми требаат аларми.“

„Ги фрлив сите чорапи. Купив нови, идентични, во 2 различни бои – 20 пара бели и 30 пара црни. Сега не мора да трошам секој ден по 10 минути барајќи го другиот чорап од парот по перење. Само треба да земам 2 чорапа во иста боја. Многу е полесно.“

„Наместо да бројам колку чаши вода пијам на ден, се трудам да се напијам вода наутро, попладне и навечер.“

„Си поставив правило да чекам 45 минути пред да одговорам некому што ме изнервирал. Лут пријател? Чекаме 45 минути. Потоа ја коментираме смирено ситуацијата.“

„Краватата ми е од голема помош. Кога престанав да носам фармерки и маички и наместо тоа носам одело со кравата, моите предлози се слушаат внимателно. Дури и ме унапредија.“

„Почнав да не се расправам со никого. Го давам моето мислење или ја менувам темата. Но не се расправам. Животот ми е многу посмирен.“

„Местам аларм 15 минути подоцна од потребното. Кога ќе се разбудам, немам време да се лажам дека имам уште малку време, бидејќи знам дека ќе задоцнам. Па така, за тоа време што порано се користело за snooze, сега сум веќе на нозе.“

„Еднаш по грешка облеков кошула што ми е еден број помала. На работа добив многу комплименти дека изгледам послабо.“

„Со девојка ми почнавме повеќе да пешачиме. Наместо да седиме на кревет и пред телевизор, почнавме да одиме на нови места, да го шетаме кучето, земаме кафе за носење и шетаме низ градот. Тоа ми го промени животот. Станав посмирен и веќе не се будам среде ноќ.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg