Некултурни прашања кои ги поставуваат здодевните луѓе кои не сте ги виделе со години и одговорите кои ги заслужуваат

Одредени луѓе едноставно имаат потреба да чепкаат по нечија туѓа интима, наместо да си ја гледаат својата работа. Овие прашања може некако да им ги простиме на најблиските, па дури и да најдеме оправдување за барање одговор на истите.

Nekulturni-prasanja-koi-gi-postavuvaat-lugjeto-koi-ne-ste-gi-videle-so-godini-01.jpg

Но, како да ги оправдаме оние кои не сте ги виделе со години или пак не сте особено блиски како некои колеги или познаници, а сепак се дрзнуваат да ве прашаат дали телото сè уште ви произведува јајце клетки или колку изнесува ратата на вашиот кредитен долг?

Некои прашања не заслужуваат одговор, но додека се спуштиме на истото ниво како и некултурните, веројатно ќе им одговориме нешто слично на примерите подолу.

Ова се најнекултурните прашања, а ваше е да преброите колку од нив сте ги слушнале досега упатени на вашата адреса:

Добро, ти планираш некогаш да се омажиш/ожениш?

Да, и баш тебе планирав да те побарам за кум/а.

Зошто уште немаш девојка/дечко?

Ти ми го скрши срцето и сè уште патам по тебе, не можам да заздравам.

Уште не си најде работа, што така?

Чекам да ти дадат отказ па да ја добијам твојата, ама и ти немаш работа, нели?

Имаш огромна бубуљица, леле ама е гадна, ја виде во огледало?

Не, баш чекав ти да ја видиш и да ми кажеш.

Си ми се подздебелила или така ми се чини?

Така ти се чини.

Зарем не ви е време за деца? А второ? Да не имате некој проблем со зачнување?

А ти гинеколог беше?

Добра плата земаш?

Сега ќе ти покажам извод од банка.

За кого гласаше на последните избори?

За криминалците.

Зошто немаш Фејсбук/Твитер/Инстаграм?

Затоа што имам живот.

Зошто раскина со дечкото/девојката?

Толку беше фин/а што сакав и некој друг/а да се усреќи.

Каде живееш сега? Еј, го знаеш: Петко, Станко?

Како не ги знам, први комшии сме.

Имате редовен секс?

Ќе ти пратам извештај, па спореди го со твојот сексуален живот.

Што ти текна да се мажиш/жениш толку млад/а?

Не сакав да останам како тебе.

Уште не заврши факултет, а?

Па не се брзам, секоја будала има диплома денес.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg