Солена лубеница, пица пропрскана со вода: Совети и трикови кои звучат чудно, сè додека не ги пробате лично
Неодамна, на корисниците на Reddit им било понудено да споделат некои најчудни совети што ги имаат.
Колку и да звучат чудно, сепак тие за многумина се корисни, иако тоа не значи дека секој би ги прифатил.
Можеби никогаш не би помислиле да јадете „намокрена“ пица или солена лубеница, но корисниците споделуваат лични искуства, па можеби вреди да се проба.
Чудни совети кои треба да ги пробате пред да ги осудите:
Пицата е повкусна кога е мокра
Пред да ја печете, испрскајте ја со вода и ќе биде посочна.
Техника за релаксација на мачки
Ако сакате да се наполните со енергија во текот на денот, легнете 15-тина минути на земја, а сончевите зраци нека проаѓаат низ вас и испружете се како мачка.
Солени кикиритки во Coca Cola
Кикиритките бараат секогаш и нешто освежително за пиење, а во Америка многу возачи го користат овој трик за со една рака истовремено да јадат и да пијат.
Ако имате лош ден на работа, сменете ги чорапите
Чудно е да се каже дека расположението ќе ви се промени заради нов пар чорапи, но многумина ја користат оваа техника, па вреди да се проба.
Ако го заборавите зборот што сакате да го кажете, повторете ја азбуката
Во 90% од случаите, потребно ви е да се сетите на првата буква и ќе се сетите на зборот.
Ако ве фати мрза, наместо да пиете кафе, истуширајте се
Ако сте дома и забележите дека ве фаќа мрза и умор, не се надевајте на моќта на кафето. Најбрз начин е да влезете кратко под туш и веднаш ќе добиете енергија.
Ако сте настинати, загрејте Coca Cola, додадете ѓумбир и напијте се
Овој „лековит напиток“ е многу популарен во Кина. Се пие топло, се додава ѓумбир и по желба неколку парчиња лимон.
Соја сосот има вкус на карамела ако го ставите врз ванила сладолед
Ако сте доволно храбри, пробајте.
Решение против мирис од лук
Истријте ги рацете со сол или држете сода во рацете. Ако сте се прејале со лук, држете во уста 30 секунди нешто направено од нерѓосувачки челик.
Хамбургер со путер од кикиритки
Корисниците велат дека сите се смеат на овој трик додека не пробаат.
Со сол, овошјето е поблаго, а кафето не е горчливо
Солена лубеница, солена диња, јаболко, круша или цитрусно овошје, па дури и топлото чоколадо има побогат вкус со сол. А, малку сол може да ја отстрани и горчливоста.
М. М. | Црнобело