10 знаци дека вашиот живот постепено тргнува по надолна линија
Колку често, пред да си легнете се прашувате дали сте задоволни со денот кој сте го имале?
Работа-дома-работа, ретки собири со пријателите, викенди резервирани за генералки дома и по 2 сезони од серијата.
Дали сте задоволни со ова сценарио? На прв поглед изгледа одлично, но ако подлабоко размислите, само го губите животот и не правите ништо вредно.
Време е да го надминете тоа, а пред сè треба да бидете свесни дека сте во таква состојба.
Знаци кои покажуваат дека животот ви тргнал по надолна линија и треба да внесете промена:
Не сте заинтересирани за светот
Мислите дека на овој свет ништо не може да ве изненади, реагирате на сите вести со скептицизам и не сте заинтересирани за случувањата во светот.
Сепак, треба да се трудите постојано да се развивате како личност и да учите нови работи, како и да наоѓате нешто што ќе ве фасцинира и прави ентузијастични. Најдете го тоа што побрзо.
Не се грижите за себе и за домот
Ако не се грижите за вашиот изглед и се запуштате, а истото го правите и со вашиот дом и не го чистите со недели, ова е лош знак за вас како личност.
Индиферентноста за вашето тело и за околината кажува дека ништо не е како што треба и сте се откажале од сè.
Не е бадијала кажано дека ако сакате промени во животот, треба да почнете од домот каде што поминувате најмногу време, како и од физичкиот изглед за да се чувствувате подобро и самоуверено.
Ја мразите вашата работа
Работниот ден уште не започнал, а вие веќе почнувате да броите уште колку време има додека да си одите.
Со душа чекате да дојде викенд и во недела мразите што од утре почнувате повторно со работа.
Доколку не ја сакате работата, време е да промените нешто бидејќи тоа многу влијае на целокупниот живот и дејствија во него.
Одбивате да комуницирате
На секој му е потребен личен простор, но ако не сакате да гледате никој, ниту пак да се слушате, ги избегнувате пријателите и не комуницирате со роднините, дури ни на социјалните мрежи, тогаш ситуацијата е излезена од контрола.
Што и да ви се случува, блиските луѓе ви посакуваат добро и може да им се обратите за што и да е, можеби ќе добиете добар совет кој ќе ви помогне да продолжите понатаму.
Буквално сè ве нервира
Доколку почне да ве нервира секоја најмала ситница и правите драма од тоа, лесно може да изгубите нерви и контрола врз проблемите.
Постојаното барање на негативното во околината зборува за вашите нерешени проблеми кои ве мачат и полнат со агресија.
Обидете се едно по едно да решите сè што е во ваша моќ, со цел да не си создадете нови проблеми заради однесувањето.
Имате многу лоши навики
Многу често луѓето со проблеми потпаѓаат под лоши влијанија и стекнуваат лоши навики кои уште повеќе ја влошуваат ситуацијата.
И покрај нивното мислење дека така нешто решаваат, на тој начин всушност само се кријат од проблемите и се задлабочуваат во нив потсвесно уште повеќе.
Живеете во минатото или сонувате за иднината
Ако постојано размислувате за тоа како порано работите биле подобри или пак, постојано се тешите дека утре ќе биде подобро и се надевате на иднината без ништо да правите, повторно постои проблем.
Тоа чекање на подобро утре може да се претвори во цела вечност и животот да го поминете во чекање без ништо да преземете ниту да постигнете.
Понекогаш е во ред да размислувате на иднината и соништата, но не да живеете во нив без да се фокусирате на сегашноста.
Немате начин на празнење и полнење енергија
Секој човек има свои начини на кои ја исфрла негативната енергија и се полни со нова, која му дава сила за понатаму.
Дали тоа е боксување, трчање, прошетка, патување, најдете го тоа што ве смирува и поттикнува да продолжите.
Станувате заложник на телефонот
Научно е докажано дека луѓето кои поминуваат предолго време на телефон имаат поголеми шанси да развијат депресија.
Гледањето во туѓите животи може да предизвика завист и бес, заради што може да поставите мислење дека другите имаат подобар живот од вас.
Обидете се помалку да гледате социјални мрежи и посветете се на вашиот живот и секој момент о него во кој ќе уживате.
Живеете по ветувањето „од понеделник“
Не, нема да дојде нов живот од понеделник, ниту од 1-ви септември, ниту во новата година.
Доколку сакате да направите промена, започнете веднаш, нема потреба да чекате посебна прилика или ден.
Тоа одложување може да трае вечно и најчесто таквите ветувања се празни.
М. М. | Црнобело