Практични совети од милионери кои на секој може да му бидат од корист
Иако изгледа како невозможна мисија, сепак не е толку нереално остварувањето на сонот да станете милионер.
Статистиките покажуваат дека поголем број од милионерите сами го стекнале нивното богатство.
Повеќето од нив воопшто не ни имале финансиска поддршка во почетокот и сами се бореле за сè што изградиле.
Токму затоа, вреди да се слушаат понекогаш и нивните совети за заработувањето, штедењето и инвестирањето.
Можеби со следниве совети ќе бидете чекор поблиску до целта:
Правилото 50/30/20
Ова правило може да се користи за менаџирање на буџетот бидејќи го дели приходот на 3 категории:
- 50% за трошоци неопходни за животот, месечни трошоци како кирија, превоз, храна итн.
- 30% за лични трошоци како забава, шопинг, хоби и други активности кои ве прават среќни.
- 20% за штедење.
Купувајте рефус и на попуст
Можеби не би очекувале дека милионерите се водат по ова правило, но е одлично за штедење пари и важи за поголем дел од производите.
Купувајте од производители
Пред да купите нешто од некоја продавница, прво проверете дали можете да го купите директно од произведувачот односно од фабрика наместо од дистрибутер.
Голема е веројатноста дека омилените чевли или облеката ќе ги најдете за поевтина цена во таков случај.
Не користете кредитни картички
Кога имате картичка, имате и слобода и храброст да купите нешто веднаш, независно дали навистина можете да си го дозволите.
Живејте под вашиот просек
Проблемот кој повеќето луѓе го имаат е тоа што трошат повеќе отколку што заработуваат. Најдобар начин да го зголемите буџетот е да живеете под вашиот просек, наместо да трошите само за да се покажете пред другите.
Опкружете се со успешни луѓе
Сигурно сте забележале дека богатите луѓе секогаш се дружат со таков круг на луѓе. Постои причина за тоа, бидејќи влијанието е поразлично, а тоа влијае и на вашата визија и исполнување на целите.
Не е сè во парите
Очигледно е дека парите имаат голема улога во нашиот живот, но не е сè во парите, а тоа најдобро го знаат оние кои ги имаат.
Секогаш е потребна поддршка од семејството и пријателите, здравјето е од клучна важност, како и чувството на среќа и исполнетост.
М. М. | Црнобело