Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 најдосадни гости кои присуствуваат на речиси секоја свадба

Свадбите претставуваат големи прослави на кои среќаваме огромен број на познаници, но и такви кои што во животот ги немаме видено никогаш или барем не повеќе од еднаш.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-2.jpg

Желбата за да присуствуваме на ваков настан во најголем број од случаите е правопропорционално поврзана со тоа колку сме блиски со младенците или нивните родители.

Токму од ова зависи и како ги доживуваме, како се однесуваме и колку добро си поминуваме на ваквиот тип на церемонии.

Сепак, факт е дека на секоја свадба има барем неколку ликови кои константно не вадат од кожа и едноставно не можеме, но и не сакаме да го разбереме нивното однесување.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-3.jpg

Да погледнеме кои се тие:

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-4.jpg

Невестaта и младоженецот сѐ уште не влегле во салата, а тој веќе почнал да се налева. Ваквиот тип на гости се токму оние кои оддаваат впечаток на луѓе кои не излегуваат многу често од дома, па свадбите ги користат како места каде ќе може да се испијанат на туѓа сметка.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-5.jpg

Младоженецот и невестата ви се другари од детството, знаете сѐ во врска со нив, но не и овој човек. „Странецот“ е тип на личност кој е многу близок со некој од младенците, но не доволно за да се излегува со него.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-6.jpg

Ова е најчесто подалечна тетка на некој од младенците или блиска сосетка. Таа едноставно мора да знае сѐ, од тоа како сте се запознале, до начинот на кој ви ја донеле поканата за свадба. Едноставно нема шанса да се спасите од овој разговор со неа.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-7.jpg

Овој тип на луѓе не се големи фанови на играњето, а најчесто не се ни којзнае колку блиски роднини или пријатели на младенците. Кај нив најдобро може да се препознае таканаречениот „Што ќе речат луѓето“ синдром, и тие се присутни затоа што мора да бидат таму. Од оваа причина одлучуваат времето да го поминат во квалитетно јадење и не се помрднуваат од масата.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-8.jpg

Тука се и таквите што се „убиваат“ од играње. Во оваа категорија може да влезат: неизживеаниот роднина кој се фрла на колена и игра со вратоврската врзана на глава, другарите што одат на часови по танц – играат во двојка и мислат дека се дојдени на натпревар за танцување, пијаните другарки на невестата кои не знаат како поинаку да привлечат внимание, а во одредени случаи и зетот и невестата кои имаат смислено кореографија на секоја песна од репертоарот.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-9.jpg

Најдобро е да се молите да не ве седнат на иста маса.

7-najdosadni-tipovi-na-gosti-koi-prisustvuvaat-rechisi-na-sekoja-svadbena-proslava-10.jpg

Свадбите се одлични места за започнување на романтична врска... или грубо речено за да „легнете нешто“. Во ваков филм особено влегуваат кумот и старосватицата, секако доколку се сингл, и уште од самиот старт почнуваат да се закачкаат со муабети од стилот дека сега се дел од една фамилија.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg