Трикови за во автомобил кои ќе ви зачуваат многу време, простор и нерви
Редовните возачи поминуваат околу 1.000 часа годишно во нивните автомобили. Тоа е отприлика 3 часа на ден.
Па, со оглед на овие статистики, секако дека е подобро поминатото време да ни биде со максимална удобност.
Така, ќе може да се фокусираме на возењето, наместо на сите работи наоколу кои ќе ни го привлекуваат вниманието.
Без разлика дали ви е потребно повеќе место при пакување, сакате да спречите децата да се караат и да ви одземаат внимание, сакате документите да ви се добро средени и слИчно – за сè постои решение.
Следниве трикови ќе ве уверат во тоа:
1. Ставете прегради помеѓу седиштата на децата додека патувате.
2. Ставете полици во багажникот за добро да ги распоредите сите работи.
3. Ако сакате да одржите ред, направете посебна торбичка за отпадоци (или купете).
4. Ставете ги сите важни документи во папка со прегради.
5. Направете држач за таблет за децата назад да бидат мирни и да не се искривуваат.
6. Каблите, ластиците и полначите чувајте ги посебно за да не се губат и да не губите време барајќи ги.
7. Заштитете ги седиштата во автомобилот од валкање.
8. Со стара четка исчистете ја прашината заглавена во перниците и седиштата.
9. Исчеткајте ги седиштата со оцет и сода бикарбона за да ги отстраните дамките.
М. М. | Црнобело