Најубавата дефиниција за среќата според еден зен учител
Бидете присутни во мигот и погледнете ги чудата на животот. Да, и таа една дождовна капка е дел од убавините на животот.
Што е среќата? Дали тоа е чувство? Дали си среќен кога имаш стабилна работа, романтичен партнер, одлични пријатели? Или пак среќата е нешто што не може да се дефинира затоа што е навистина длабоко и лично?
Будистот Thich Nhat Hanh дава прекрасна дефиниција за среќата.
„Многу луѓе мислат дека возбудата е среќа... Но, кога сте возбудени вие не сте смирени. Вистинската среќа се базира на мирот.“
Тој советува дека пронаоѓањето на внатрешниот мир е преку прифаќањето. Прифаќањето на себеси, на тоа што сте и прифаќањето на другите такви какви што се.
Дел од неговите совети:
Престанете да се грижите за мислењата на другите луѓе. Навистина нема потреба да се менувате за да бидете прифатени. Единственото одобрување кое ви е потребно е одобрувањето од себеси.
Вистинска моќ и среќа лежат во самодовербата, разбирањето и прифаќањето на себеси.
Тогаш ќе започнете да ги гледате чудата на животот и убавината на цветот, зракот сонце, дождовната капка, искрената смеа... Ќе живеете свесни за убавините околу вас.
Бидете приземјени во сегашноста ако сакате да доживеете вистинска среќа и задоволство во животот.
С. С. | Црнобело