Зошто кратките дремки во текот на денот се добри за вас?

На некои луѓе, едноставно им е потребно повеќе сон во текот на денот за разлика од други.

zoshto-dremkite-vo-tekot-na-denot-se-dobri-za-vas-01.jpg

Постојат луѓе кои покрај добриот сон навечер, од 6-8 часа, имаат потреба и од попладневна дремка.

Но, верувале или не, тоа е добро, бидејќи дремнувањето во текот на денот има позитивни ефекти врз вас.

Доколку сте и вие љубител на дневниот одмор, или пак, сакате да дознаете што се позитивните влијанија од дремките, прочитајте во продолжение:

1. Дремките ви го прават работниот ден попријатен

Секако, ретко кој има можност за ова, но доколку постои опција, дремнувањето значи обновување на телото и умот и има позитивен ефект врз квалитетот на животот.

Одморањето на телото дури и на кратко му овозможува да се ребалансира и да биде поефикасно во текот на работата, што ја прави истата попријатна и задоволувачка.

2. Ја зголемуваат продуктивноста

Дремките го подобруваат вниманието, меморијата, а го намалуваат и заморот, што помага при продуктивност во работата. Ни помага да функционираме подобро и да завршиме подобро некои работи.

3. Ги намалува анксиозноста и депресијата

Луѓето кои се изложени секојдневно на стрес имаат зголемено ниво на лачење на хормони кои на долгорочен план може да предизвикаат анксиозност, депресија и проблеми со концентрација и меморија.

Дремнувањето пак, го намалува нивното лачење и помага да се спречат негативните ефекти предизвикани од нив.

4. Помага при зајакнување на професионалнитe и личните односи

Истурањето на нервоза на партнерот, пријателите или пак врз колегите, може да биде како резултат на недостаток на сон.

Луѓето кои се изложени на стрес и умор, многу полесно стануваат нервозни и потешко прават баланс со емоциите.

Редовните дремки пак, помагаат да се ослободат од стресот и да се постигне баланс со хормоните, а воедно да се подобрат и односите со луѓето во околината.

5. Ако се практикува правилно, дремката нема да му наштети на вечерниот сон

Сигурно сте слушнале или верувате дека попладневната дремка му пречи на вечерниот сон бидејќи ве држи подолго будни, но не мора да биде така.

Ако правилно ги организирате часовите и не ги мешате значењата на дремка и спиење нема да имате проблем.

Според истражувањата, 30 минути е оптимална должина на дремката, а ако е подолго или пократко нема да го има истиот ефект.

Кој е за дневна дремка?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg