Правете сè за иднината: Лесни чекори за животот да ви тргне по нагорна линија

Сигурно сте се затекнале во ситуација да си ветите дека ќе научите нов јазик, ќе ослабете или ќе ја најдете работата од соништата, но ништо не се остварило.

kratki-i-ednostavni-chekori-za-zhivotot-da-vi-trgne-po-nagorna-linija01.jpg

Но, најчесто луѓето чекаат да се случи чудо, наместо да преземат нешто. А, причината за тоа е недостигот на мотивација која нè турка кон нивно остварување.

Па, доколку не сакате повеќе да биде така, има интересна техника на планирање на иднината, каде единствениот мотив е следниот: Сè што правите, правете го за вашата иднина.

1. Претставете си слика за вашата реална иднина

Не се препуштајте на сонови и фантазии, но не паѓајте и во песимистички мисли. Замислите ја иднината што е можно пореално и одговорете на прашањето: Како би ви изгледал животот ако останете исти како сега?

kratki-i-ednostavni-chekori-za-zhivotot-da-vi-trgne-po-nagorna-linija-002.jpg

2. Запомнете дека ќе бидете 10 години постари

Кога ќе ја замислувате иднината, не заборавајте дека тогаш би биле барем 10 години постари од сега, па добро одлучете како сакате во тој период животот да ви изгледа, без да ги изоставите проблемите.

3. Не заборавајте дека проблемите имаат својство на зголемување и наталожување

На пример, не може да очекувате дека кога ќе имате семејство, сопруг/а и деца, нема да имате кавги и несогласувања.

Нервозата и обврските ќе се зголемуваат, ќе мора повеќе да се грижите за себе, исхраната и здравјето.

Не заборавајте го ова кога ќе ја замислувате вашата реална иднина.

kratki-i-ednostavni-chekori-za-zhivotot-da-vi-trgne-po-nagorna-linija-02.jpg

4. Сега замислете слика за посакуваната иднина

Ако сакате, можете и да ги напишете желбите на лист. Поделете го листот на најважни области од животот – здравје, семејство, кариера, финансии, љубов, личен развој и сл.

Размислете за тоа што сакате да постигнете и да направите, но запомнете дека без преземање акција, нема да има резултат, па држете се до основни принципи при моделирањето на иднината.

5. Бирајте долгорочни инвестиции, не моментални задоволства

Што мислите дека е подобро – да уживате сега со чипсови и сокови пред телевизија или да имате здрав стомак и физичка форма за 10 години?

Трошење време и енергија на игри и забава со децата или ладен однос и незаинтересираност заради умор и оддалеченост кога ќе пораснат за 10 години?

Работите кои ги правиме сега треба да бидат корисни и за иднината, а не да размислувате само на моменталните задоволства.

kratki-i-ednostavni-chekori-za-zhivotot-da-vi-trgne-po-nagorna-linija-03.jpg

6. Правете ги работите на најефективен и соодветен начин за вас

Инспиративните примери на другите луѓе се одлични, но секој има свој начин на правење на работите и живеење.

Ако сакате да се грижите за себе, но не можете да си дозволите теретана, најдете други начини.

Правете ги работите на начин кој е најдобар за вас и кој ќе ви донесе максимален бенефит во иднина.

7. Не чекајте инстантни резултати, но запомнете дека ако се откажете, никогаш нема да ги добиете

Понекогаш е потребно повеќе трпение за остварување на посакуваните резултати. Важно е дека трудот не е залуден и некогаш ќе се исплати, а кога ќе дојде тоа време, нема да се каете што сте чекале и што сте постапиле така во минатото.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg