Летање, паѓање, куќа, бебе: Најчестите работи што ги сонуваме и нивното значење
Немирната вода е знак за анксиозност, летањето високо знак за смирен ум и задоволство од животот.
Сите наши соништа и сè што доживуваме во нив е директно поврзано со нашиот живот.
Многу е важно да разберете што ви говори потсвеста.
Соништата имаат своја симболика:
Куќа – Различните соби и нивоа се приказ на различниот степен на потсвеста. Подрумот посочува на запоставени и потиснати работи. Собите се симбол на внатрешните мисли и чувства на човекот.
Храна – Симболизира енергија, знаење и нега. Исто така, храната се поврзува со емоциите и спиритуалноста, па значи дека сме гладни за повеќе, гладни за нови работи.
Бебиња – Нови почетоци односно бебињата симболизираат дека ви е потребен нов развој на настаните во вашиот живот. Понекогаш може да значи и конкретна желба за бебе во вашиот живот.
Голотија – Во соништата си дозволувате да бидете ранливи и емотивни. Ја спуштате одбраната и го прегрнувате тоа што се крие. Сонувањето конкретен разголен дел од телото може да каже многу скриени вистини.
Паѓање – Некои овој сон го поврзуваат со нешто негативно и страшно, додека други веруваат дека тоа е пронаоѓање на мир и симболично опуштање на себеси. Како и да е, паѓањето со голема брзина од голема височина посочува дека нешто во вашиот живот ви е надвор од контрола.
Возила – Автомобилот, возот, авионот посочува на насоката во која се движите во животот и колку контрола имате на патот пред вас. Потребна ви е моќ за да стигнете до одредена дестинација.
Секс – Потисната фантазија, некој вид на сексуално изразување или приказ за блиските интимни врски со себеси или други луѓе.
Летање – Ова е поврзано со тоа колку имате самоконтрола врз вашиот живот и колку сте самоуверени во постигнувањето на своите цели и амбиции. Кога летате високо и се задоволни тоа покажува исполнетост од животот. Но, кога летате ниско над земјата значи дека се обидувате да ги надминете пречките што ве блокираат.
Смрт – Поврзано е со некои драматични промени во вашиот живот, односно крај на нешто старо и почеток на нешто ново. Смртта во сонот не значи дека со такво нешто ќе се соочите и во реалноста.
Училиште – Вие сте соочени со тест за кој не сте подготвени. Лекциите во училницата во сон посочуваат дека треба да научите некои работи од минатото.
Луѓе – Сонувањето луѓе е поврзано со различни аспекти. Некогаш тоа се луѓе чии карактеристики ви се допаѓаат и сакате да ги развиете кај себе. Кога сонувате конкретни личности тоа посочува на лични проблеми кои треба да се решат.
Вода – Типот на водата посочува на начинот на кој се справувате со емоциите. Ако таа е турбулентна и брановита, тогаш вие сте вознемирени. Ако е мирна, вие сте релаксирани.
Бркање – Вие сте анксиозни и исплашени и се обидувате да избегате од тие емоции. Сакате да се сокриете од нешто наместо да се свртите кон него и да се соочите веднаш.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





