Од убиства до готвење: Чудни работи кои некои луѓе ги прават додека спијат
Додека вие спиете и мирно сонувате, некој во сон шета низ домот во сон со својата чудна навика и нема мир.
Сите уживаме кога ќе го завршиме напорниот ден во топол кревет во нашите меки пижами.
И додека повеќето се релаксираат и паѓаат во длабок сон, некои ја немаат таа среќа.
Тие паѓаат во длабок сон, но токму во тој период започнуваат да им се случуваат чудни работи.
Тие стануваат од креветот, изведуваат некои активности и утрото потоа не се сеќаваат на тоа.
Пет чудни работи што некои луѓе ги прават додека спијат:
1. Верувале или не, постојат луѓе кои во сон убиваат други луѓе. Познати се како убијци месечари, односно појавата е Homicidal somnambulism.
2. Постојат луѓе кои јадат додека спијат. Но, не да каснете кога на пауза кога сте се разбудиле и да продолжите со спиење, туку ситуации во кои земаат работи од фрижидерот јадат и утрото не се сеќаваат на тоа.
Ова нарушување се вика Nocturnal sleep-related eating disorder (NSRED). Луѓето што го имаат не се свесни што јаделе, ниту како изгледало тоа, тие дефинитивно немаат спомени од нивната навика за јадење среде сон.
3. Изливи на талент среде ноќ. Постојат луѓе кои во сон стануваат, цртаат и утрото не се сеќаваат на делото.
Будни ја немаат способноста да нацртаат нешто слично.
4. Некои луѓе страдаат од нарушувањето sexsomnia.
Овие индивидуи изведуваат сексуални активности за време на сонот и утрото не се сеќаваат на тоа.
5. Добро знаете дека постојат луѓе што одат во сон и зборуваат во сон, но дали знаете дека има и такви кои готват во сон?
Има низа приказни за луѓе кои ја пуштиле микробрановата, зовреле вода и правеле низа други активности во кујната. Утрото, се разбира, не се сеќаваат.
С. С. | Црнобело