Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто воздухот мириса поубаво после дожд?

Веројатно барем еднаш сте се запрашале зошто го обожавате мирисот на дожд и како тоа секогаш поубаво мириса кога асфалтот е влажен?

zosto-vozduhot-mirisa-poubavo-posle-dozd-001.jpg

Време е да си го одговорите ова прашање.

Пред да падне на земја, дождот е само вода, течност без боја, мирис и вкус. Но, откако дождовните капки ќе ја допрат земјата, доаѓа до интеракција меѓу нив и земјата.

Овој „мирис на дожд“ дури има и име – petrichor. Потекнува од грчкиот збор petra – односно камен и ichor – што претставува течност која како крв наводно течела во вените на боговите.

Феноменот прво го објасниле двајца австралиски научници во далечната 1964-та година:

Карактеристичниот мирис на дождот настанува од мешањето на водата со маслата кои некои билки во природата ги испуштаат за време на сушниот период, а потоа испаруваат заедно со дождовните капки.

Дождовните капки кога паѓаат на земјата, во себе заробуваат по малку воздух. Овие меурчиња воздух потоа се движат како во шише шампањ, се додека не се пробијат на површината и таму испуштат микро честички познати како аеросол.

Научниците сметаат дека токму тој аеросол во себе ја носи онаа „арома“ на дожд.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg