Грчки остров кој го крие клучот за долговечност: 1/3 од населението доживува старост над 90 години
Со тенка, бела коса прицврстена на страна и дебели очила на носот, Јоана Проју ги лизна нејзините збрчкани прсти преку нишките на бебешко сина волна што се протегаат на нејзиниот тежок дрвен разбој.
Таа одново и одново ја затега рачката напред на рачно изработената машина, техника што ја усовршила во временски период над 90 години.
„Направете нешто во вашиот живот што ја поттикнува вашата страст“.
Со тој разбој, Проју ги создава ткаените торби и облеката што ги продава во нејзината мала продавница во Христос Раче, село од 300 жители на грчкиот остров Икарија, оддалечен од Атина со деветчасовно возење на траектот низ Егејското Море.
Додека нејзините раце се поместуваат ритмично и разбојот малку се тресе, 105-годишната жена кажува колку сè уште ја сака својата работа.
„Прави нешто во твојот живот што ја буди твојата страст“, советува. „Кога мојот сопруг умре пред неколку децении, продолжив да го правам она што го сакам. Подоцна, некој друг ми предложи брак, но реков „не“. Јас сум во брак со мојот разбој.“
Недалеку од каде што Проју ги продава своите производи, на главниот плоштад на Христос Раче е мирно и тивко. Локалните жители пијат кафе во сенката на дрвјата и спокојно разговараат за пријатни нешта.
Сопствениците на локалните бизниси ги отвораат и затвораат вратите без распоред. Многу од продавниците работат на т.н. систем на чест: корисниците го земаат она што го сакаат и ги оставаат парите на шанкот за возврат.
Тоа е прилично честа сцена на грчките острови, но Икарија е поинаква: овде, една третина од населението на островот доживува старост подолга од 90 години.
Заедно со Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Окинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија, Икарија е „Сина зона“, едно од петте места каде луѓето живеат најдолго.
Експертите често ги наведуваат здравата исхрана и активниот животен стил како клучни за подолг живот. Медицинските професионалци и антрополози поврзани со проектот „Сина Зона“, исто така, ја истакнуваат важноста на блиските семејни врски и вклученоста во верски заедници.
Икаријците се трудат да останат блиско поврзани со нивните семејства и соседи, а постарите играат значајна улога во заедницата. Бабите и дедовците често помагаат во одгледувањето на внуците или во работата во семејните бизниси.
Но, Проју ја должи нејзината долговечност на нејзината страст за ткаење и нејзиниот поглед на животот.
„Не сакајте повеќе од она што навистина ви е потребно. Ако им завидувате на другите, тоа може да ви донесе само стрес“.
Пензионираниот лекар Христодулос Ксенакис има друга теорија за тоа како Икаријците избегнуваат непотребен стрес.
„Никој не закажува состаноци овде“, одговара 81-годишниот старец, кој се смета за млад човек според стандардите на Икарија.
„Времето е важен дел од животот на Икарија, објасни Ксенакис, но не на начинот на кој повеќето луѓе мислат. Тоа е повеќе како да се видиме изутрина, попладне или вечер. Ние не нагласуваме точно кога.“
Тоа е затоа што, објаснува Ксанакис, Икаријанците ги минуваат деновите со цел.
„Секогаш има што да се направи со вашето време“, додаде тој. „Но, кога работите нешто што ве прави среќни или ги прави другите среќни, како може да не се чувствувате здрави или да не се чувствувате подобро?“
(О)Милена | Црнобело