9 најбизарни работи што жените ги прават кога се заедно
Смислувањето на порака за момчето што ѝ се допаѓа на едната е вистинска авантура. Има консултации, преговори и гласање.
Врската на една жена со нејзините пријателки е многу значајна и незаменлива. Таа не може да си го замисли животот без нив.
Но, помеѓу смеата, поддршката и забавата, жените прават и некои чудни работи кога се заедно.
Од „манијачење“ на поранешниот до допирање на градите, еве ја листата:
Се жалат за килограмите додека јадат брза храна – „Многу сум дебела, но овој хамбургер со екстра помфрит е неверојатен. Диетата ја почнувам од понеделник.“
Си ги споредуваат градите – Не замислувајте веднаш порно сцена, но понекогаш жените знаат да направат проверка на формата и тврдината на градите на пријателката.
Го „манијачат“ поранешниот преку социјалните мрежи – „Ти го имаш мојот поранешен на Фејсбук, јас го избришав, дај да му ја видам новата девојка. Ајде ќе се сликаме заедно и тагни ме, да ме види, нека пукне.“
Уринираат со отворени врати – Тие влегуваат во тоалетот разговарајќи и некогаш деталите се толку забавни што ја оставаат вратата отворена, додека си дораскажат за интересниот настан.
Зборуваат за грозни работи – Кај пријателките нема граници, па од каква боја е нивната менструална крв до поткожните влакна во интимната зона, сè е на менито.
Смислуваат што да пишат на некое момче заедно – За време на четот со него, едната пишува, а другата и дава идеи. Пред секое ентер, има гласање дали е добро напишано.
Си доверуваат најситни детали од сексот – Жените, за разлика од мажите нема да се фалат со кого сè легнале, но ќе споделат информација за големината на половиот орган на партнерот или пак за половата инфекција и сите нејзини ужасни симптоми.
Соблекуваат дел од облеката – Тие не се срамат да соблечат дел од облеката за да се чувствуваат комфорно. Воопшто не им е чудно една пред друга да прошетаат по градник или гаќички.
Заспиваат зборувајќи – Понекогаш седат заедно до доцна во ноќта и разговараат до истошување, па не воопшто чудно ако заспијат во ист кревет споделувајќи мислења.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





