Малку познати трикови кои ќе ви бидат многу корисни при летање со авион
Во секоја авиокомпанија и авион има посебни правила кои треба строго да се почитуваат.
Сепак, некои работи, им се познати само на вработените, но многу од нив ги откриваат.
Па, доколку сакате патувањето со авион да ви биде олеснето, или само доколку ве интересираат некои тајни, прочитајте ги во продолжение.
Трикови кои ќе ви бидат корисни еден ден:
Земете го вашето милениче со вас ако се плашите од летање
Ако имате документ од психолог кој вели дека имате потреба од милениче за емоционална поддршка, некои американски и европски авиокомпании ќе ви дозволат да си го земете животинчето на лет.
Можете да си ги земете омилените шампони и да заштедите место
Сетовите за патување се продаваат во козметички продавници, па така нема да мора да носите огромни пакувања и да ви зафаќаат место. Префрлете си од омилените гелови, млека и шампони во малечките шишенца и спакувајте ги во несесер.
Евтини билети, полупразни авиони, без одложувања и турбуленции
Според статистиките, во вечерните летови има многу помалку патници, а во нив речиси и да нема такви кои се со деца. Летовите навечер не се одложуваат, а повеќето бури се случуваат во вториот дел од денот, па навечер воздухот е посвеж бидејќи нема сонце. Затоа авионите ретко искусуваат турбуленциите во ноќните летови.
Поврзувачки лет е подобар од директен
Поврзувачките летови се добри доколку имате повеќе од 8 часа измеѓу летовите, можете слободно да го напуштите аеродромот и да прошетате низ градот, што ќе ви биде плус искуство и авантура. Исто така, многу авиокомпании нудат бесплатна соба во добар хотел ако имате поврзувачки лет (во случај да имате повеќе од 6 часа празен простор измеѓу летовите).
Бесплатно wi-fi
Има неколку делови на речиси секој аеродром каде може да се најде бесплатно wi-fi и каде што навистина функционира:
- Чекалните покрај Duty-free продавниците
- Кафулињата и околу нив
- Капсула-хотелите
- Места означени на оваа мапа
Ако сте си заборавиле нешто дома, има решение
На секој аеродром, има место каде се чуваат изгубените и заборавени работи. Ако никој не се врати по релативно евтините предмети во рок од 3 месеци, вработените може да ви ги дадат бесплатно. Па, ако сте си заборавиле полнач за телефон, чадор или слушалки, снајдете се.
Не секогаш има доволно додатоци за удобност за сите патници
Според правилата, многу авиокомпании имаат додатоци за удобно патување само за неколку патници, па затоа препорачливо е од дома да си земете топол шал, ќебенце, дебели чорапи и слично.
Чекирајте го багажот последен, за да си го земете прв и патувајте со поженски куфер
Багажот што им припаѓа на жените понекогаш се третира понежно, бидејќи тие носат кршливи работи, парфеми и други работи за кои се подготвени да направат скандал ако нешто се скрши. Не мора да купувате женски куфер, но барем нека е во светла боја.
Заштитете го багажот од кражби
Искусните патувачи го сликааат куферот пред да го чекираат, а некои дури и ставаат GPS за да го следат во секој момент.
М. М. | Црнобело