10 корисни навики кои им се заеднички на сите богати луѓе
Секој милионер си има патека по која го постигнал богатството и успехот, но ако ги споредите навиките на богатите луѓе, некои се поклопоуваат.
Издвоивме 10 кои се најчести помеѓу богаташките:
1. Спортски активности
Секој ден двојат по барем половина час за спортска активност, трчање, пешачење, возење велосипед...
2. Читање
Не е тајна дека богатите луѓе се зафатени и имаат набиен распоред, па секој слободен момент го користат за да уживаат и паузираат од секојдневието со добра книга во раце.
3. Едноставен стил
Едни од најбогатите луѓе се облекуваат наједноставно. Земете го за пример Марк Закерберг. Тоа им помага да не губат време на неважни работи како која со која боја одговара.
4. Штедење
Дури и оние со милиони на сметка, купуваат на попусти. Точно ја знаат маката со која ги заработиле парите и решаваат да не ги фрлаат во воздух.
5. Користат јавен превоз
Луѓето кои се свесни за својот успех и богатство не се плашат од јавен превоз или да бидат видени помеѓу сите останати „просечни“ луѓе.
6. Се будат рано
Нивниот ден обично започнува 3 часа пред да треба да пристигнат на работа.
7. Медитираат
Медитацијата им помага да ја ослободат акумулираната тензија во текот на целиот ден и да го сочуваат менталното здравје.
8. Користат говор на телото
Во комуникацијата секогаш користат повеќе гестикулации, што им додава харизма.
9. Избегнуваат да гледаат телевизија
Тоа го сметаат за крајно некреативно, непродуктивно, губење на време.
10. Планираат
Пред да почнат било каков проект, тие имаат детално разработен план. Благодарение на тоа и успеваат.
М. Д. | Црнобело