Причини заради кои секоја година имате помалку пријатели

Секој возрасен човек барем еднаш се има прашано каде ги снемало луѓето кои досега биле околу вас.

prichini-zaradi-koi-sekoja-godina-imate-pomalku-prijateli-01.jpg

Со некого ќе се скарате, со друг ќе се оддалечите, со трети не ви се судираат веќе интересите и едноставно тргате по различен пат.

Факт е дека со текот на годините, бројот на пријатели се намалува и станува потешко да се запознаат нови луѓе.

Причините за тоа се следниве:

Менување на распоредот

Во помладите години полесно е да се одржуваат пријателствата бидејќи сте блиску локациски и сте поврзани на многу начини – заедно одите во училиште, на тренинг, слободни активности, излегување и слушање на телефонот.

Но, подоцна во животот, секој тргнува по различен пат, има различни обврски и не може да се усогласи слободното време, па се сведувате на ретко гледање.

Промена на приоритети

Ако порано ви биле најважни забавата и пријателите, излегувањата, кафињата и дружбите, сега веќе не ви е приоритет младешкиот слободен живот.

Сега, на прво место ви е семејството и работата и се фокусирате најмногу на нив, а потоа на сите останати работи. Тоа не значи дека веќе не сакате да се дружите, но ви останува многу малку време и се сведувате на ветувања и договори кои ретко се остваруваат.

Друг круг на пријатели

Со првата или секоја понатамошна нова работа, запознавате нови луѓе, кои може да прераснат во блиски пријатели. Почнувате да го ширите кругот на луѓе, каде може да бирате кој ви одговара, а кој не. Па така, остануваат само оние со кои се вклопувате, а останатите дури и ако ви биле некогаш блиски, сега веќе не се дел од вашиот круг на луѓе.

Заминување на заедничкиот пријател

Сигурно ви се случило да се дружите со некого преку ваш пријател кој ве запознал со други негови познаници или пријатели, или можеби ситуацијата била обратна.

Но, веројатно сте забележале или сте свесни дека кога веќе го нема заедничкиот пријател, многу често згаснува и односот помеѓу вас, бидејќи веќе нема кој да ве поврзува на начин како претходно.

Себичност

Со тек на време, многумина почнуваат да сфаќаат дека се искористувани од нивните блиски луѓе и повеќе немаат толеранција за таквото однесување, кое претходно го занемарувале. Па така, оние пријатели кои ви биле љубоморни и се однесувале себично кон вас, веќе нема да ги сметате за пријатели и ќе се оддалечите од нив.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg