6 ситуации во кои несвесно ги прекршуваме бонтон правилата
Бонтон однесувањето е застапено во секој дел од животот и секојдневието и многумина се обидуваат да го почитуваат.
Но сепак, тешко е да се познаваат сите правила, па затоа често ве потсетуваме на нив со цел почесто да ги применувате.
Понекогаш, иако знаеме како е правилно да се однесуваме во некои ситуации, сепак преферираме друг начин, со што правиме грешка.
Ова се 6-те бонтон правила кои секојдневно ги прекршуваме несвесно:
Им давате предност на жените во лифт
Ако мислите дека е џентлменски да ѝ дадете предност на жената при влегување во лифт, грешите. Лифтот може да биде опасен објект кој е понекогаш ризичен, па затоа прво мажот треба да влезе.
А, при излегување, прв излегува оној кој е најблиску до вратата, независно од полот.
Кажување „на здравје“ после кивање
Во кругот на семејството или на најблиските пријатели е дозволено некому да кажете „на здравје“ кога ќе кивне. Но, во сите останати случаи, секоја културна личност ќе се прави дека ништо не забележала.
Понекогаш можете да понудите марамче, но ништо повеќе.
Обраќање со „ти“ на адолесценти
Секоја личност над 12 години треба да се персира, без разлика дали е студент на кого му предавате, или практикант во вашата компанија, или пак случаен минувач или познаник.
Некултурно е да се прекршуваат правилата и на секого треба да му се обраќате со почит, освен ако тоа не е ваша блиска личност.
Покривање уста со десна рака при кашлање
Десната рака се употребува кога треба да се ракувате со некого со кој се сретнувате или запознавате, па не е културно да допрете некого со раката во која претходно сте се накашлале.
Затоа, при кашлање, за покривање се користи само левата рака, која секако треба да се измие потоа.
Додавање на сол без бибер
Или обратно. Во секој случај, според бонтон правилата на маса, сол и бибез секогаш одат заедно.
Мешање на шеќерот во насока на часовникот
Ова е грешка која речиси сите ја прават. Шеќерот со лажичката во пијалакот не треба да се меша со кружни движења во насока на часовникот, туку напред назад.
М. М. | Црнобело