8 трикови што компаниите ги користат за да ве натераат да купите нешто што не ви треба
Луѓето често пати меѓу себе разменуваат искуства за тоа како продавниците и рестораните користат трикови за да им продадат нешто на своите клиенти.
Оваа тема е толку опширна што и по десетици илјади луѓе разменуваат приказни за триковите на продавачите. Некои од нив можеби веќе ги знаете, некои сте ги искусиле на своја кожа, но добро е да се прочитаат и да ги имате предвид:
Големина на порцијата
Рестораните имаат многу трикови во коишто често пати не ни помислуваме да се посомневаме. Најчест трик е да се продаде истата количина на храна, по различна цена.
Фактот дека ако на пример ставите супа во чаша, нема да изгледа толку многу, како ако ја ставите во чинија. Па така супата послужена во чинија често пати се продава поскапо отколку онаа во длабок сад како шолја.
Следен пат кога ќе нарачате порција обрнете внимание не само на цената, туку и на начинот на послужување.
Специјалитет на денот
Ова е исто така еден од популарните трикови на рестораните. Понекогаш рестораните и кафетериите имаат специјалитет на денот којшто се состои од производи на кои наскоро ќе им истече рокот на траење, за да не ги фрлат тие ги спремаат во специјалитет на денот и ви ги продаваат.
Значи кога го нарачувате специјалитетот на денот ќе заштедите пари, но и големи се шансите да јадете нешто бајато.
Исечкани салами и кашкавал
Ова е слична шема како и за специјалитетот на денот, но ја користат продавниците. Исечканиот производ е поатрактивен за купувачот бидејќи ќе му треба помалку труд за да го приготви. Затоа вработените во продавниците најчесто ги сечкаат саламите и кашкавалите коишто се пред истек на рокот.
Не ги купувајте овие производи. Доколку ги купите и видите дека сепак почнале да се расипуваат веднаш вратете ги во продавницата.
Природни производи
Некои компании тврдат дека нивните производи се добри за околината, целосно природни, изработени од рециклирани материјали или се без ГМО. Сепак, не можете да ја проверите искреноста на продавачот веднаш во продавницата.
Ова се однесува како на прехранбените производи, така и на производите во домаќинството или козметиката и апаратите за домаќинство.
Добро е да знаете дека не постојат многу официјални сертификати за органска храна и дека тие имаат заеднички и слични ознаки. Доколку видите непознат симбол на пакувањето, подобро е да се потрудите да дознаете нешто повеќе за него. Не му верувајте на она што го пишал производителот.
Загарантирано најниска цена
Ова е честа пракса во многу земји. Понекогаш продавачите навистина ви ја нудат најниската цена на производот. Разликата може да биде мала, но сепак постои. Сепак има и друга категорија на продавачи.
Интернет корисниците имаат приказни за продавачи на душеци и апарати за домаќинство коишто го менувале името на производот. Така кога ќе го побарате тој производ на друго место, навистина нема да има пониска цена, бидејќи нема да може да го најдете под тоа име.
Вечно расцветани растенија
Цвеќарите исто така користат трикови. Кога купувате растенија за дома, обрнете внимание на пупките. Многу купувачи се пожалиле дека им бил продаден кактус со залепени цветови, а продавачот им тврдел дека кактусот цвета преку целата година.
Внимавајте, ако видите дека растението има нерасцветани пупки тоа значи дека најверојатно тоа и навистина може да цвета.
Убави кукли во излог
Бутиците исто така може да ве манипулираат. Еден од триковите е да се стават работите коишто не се продаваат доволно, на убави кукли во излогот. Купувачот тогаш гледа колку убаво стојат овие алишта на куклата и колку добро се комбинираат, па така поголема е шансата да ги купи.
Во вакви случаи секогаш пробувајте ја облеката пред да ја купите за да видите како стои на вас. А доколку имате можност прашајте и некој друг да ви каже како ви стои облеката (се разбира не продавачот).
Последна шанса
Уште еден добар трик за продажба е да се нагласи дека понудата наскоро ќе заврши или дека наскоро ќе снема од производот. Ова го користат и бутиците и продавниците за бела техника и производи од домаќинството.
Суштината на овој трик е да не ви даде време да размислите и така, можеби, да најдете подобра понуда. Затоа, секогаш кога ќе наидете на ваква промоција, прво запрашајте се дали навистина ви треба нешто од тие производи, а потоа повторно погледнете ја цената и проверете ја и во другите продавници.
(О)Милена | Црнобело