Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога пиете алкохол танцувате најубаво

Дали и вие кога ќе испиете некоја чашка алкохол повеќе се чувствувате како диско крал/кралица на подиумот?

koga-piete-alkohol-igrate-najubavo-01.jpg

Поголемиот дел од луѓето се чувствуваат некомфорно кога трезни танцуваат на некоја забава. На диско подиумот со кисела вода и лимон како да не можете да ги покажете вашите најдобри потези.

Но, тоа не е резултат на вашите лоши вештини, туку на срамот што потекнува од фактот дека ве гледаат многу луѓе.

Едно неодамнешно истражување покажа дека ситуацијата е сосема поинаква кога пиете алкохол. Истражувачкиот тим на The Times откри дека луѓето најдобро танцуваат кога имаат испиено неколку чашки алкохол.

koga-piete-alkohol-igrate-najubavo-02.jpg

Во ова истражување учествувале 55 луѓе кои играле игра со танцување на Xbox, која ги наградувала за добро ископираните танц потези. Се водело евиденција која личност колку алкохол испила во текот на вечерта и како танцувала.

Резултатот бил дека додека не пиеле алкохол натпреварувачите добиле просечно 4.400 поени на Xbox, а по шестата чашка алкохол тие имале просек од 6.200 поени. Но, кога претерале со алкохолот поените паднале на 4.000.

Доктор Дејвид Нат вели дека алкохолот ја отстранува социјалната непријатност и затоа луѓето подобро танцуваат кога се малку пијани.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg