На која температура живеат луѓето во домовите низ светот?
Некои ги греат домовите до точка во која се соблекуваат по кратки ракави, додека други преферираат постудени простории.
Иако има правила дека оптимална температура за дневната соба е од 20 до 23 степени, за кујната 18-19 степени, за тоалетот од 16 до 19 степени, за спалната 17 до 20 степени, сепак секаде во светот важат различни правила.
Во просек, на која температура живеат и престојуваат луѓето низ светот?
Велика Британија – во дневните соби температурата е околу 15 степени, а во бањите околу 10.
Франција – нешто потопло е во домовите во Франција, со просечна температура од 16,8 степени.
Јапонија – Јапонците штедат, па оптималната температура во домовите е околу 10 степени.
Шпанија – во топлата Шпанија, просечната температура на еден дом е околу 17,8 степени во зима.
Романија – земја која генерално се грее на централно греење на гас, па температурите на домовите се искачуваат до 20-тиот степен.
Холандија – просечно, температурите се движат околу 16-тиот степен.
САД – една од потоплите земји е и САД, со просечни 20 степени низ домовите во зима.
Чешка – просечни 18,5 степени во зима.
Германија – нешто постудени се домовите во Германија, со просечни 17 степени.
Русија – една од најстудените земји обично ги има најтоплите домови – цели 25 степени.
М. Д. | Црнобело