9 тајни од казината што ниту еден сопственик нема да ви ги каже
Бегајте подалеку од рулетот и внимавајте амбиентот да не ве занесе и да останете до рано наутро.
Сјајни неонски светла, дотерани луѓе, луксузен стил, лесни пари, казината добро звучат вака.
Но, дали навистина сè е толку сјајно и светкаво?
Сигурни сме дека има тајни кои не ги знаете за казината:
Сјајните светилки и динамичната музика прават да се обложувате со побрзо темпо.
Впечатливите детали се трик за да трошите повеќе. Психолозите велат дека црвените светилки и динамичната музика прават играчите побрзо да носат одлуки и со тоа да трошат повеќе пари.
Колку повеќе луѓе има на маса, толку е побавна играта
Професионалните играчи одбираат да играат на полна маса и постојат повеќе причини за тоа.
Играта на полна маса е побавна и останува повеќе време за размислување. Плус, количината на гратис пијалаци е правопропорционална со времето што играчот го минува на масата.
Во поголемиот дел од казината нема часовници и прозорци.
Лесно е да изгубите чувство за време во казиното бидејќи нема прозорци и часовници, а колку подолго останувате таму, толку повеќе трошите пари.
Обезбедувањето е насекаде, иако не го гледате
Не, мислиме само на оние крупни момци на влезот од казината, туку и на видео камерите кои ги има насекаде, системите за фасцијално препознавање, проверката за поврзаност со некој друг од казиното, вашата финансиска состојба итн.
Казината не играат игри кога е безбедноста во прашање.
Поголемите чипови го прават губењето поподносливо
Казината ве охрабруваат да земате повредни чипови. Тоа е поврзано со психологијата.
Поголемите чипови го прават трошењето помалку болно бидејќи е полесно да фрлите еден чип со поголема сума, отколку 5 со помала.
Не играјте рулет
Големото сјајно тркало во центарот на казиното секогаш изгледа привлечно и ги става луѓето во искушение да ја пробаат својата среќа.
Рулетот најчесто носи најголема добива за куќата во споредба со другите апарати. Шансите да добиете се минимални.
Амбиентот е клучот
Казиното прави да се чувствувате дека таму ви е одлично и сите други мисли ви исчезнуваат од главата.
Музика, светла, некое топло чувство на комфор. Квалитетни килими, скап мебел и интересни дезени и вие сте во состојба на транс.
Локација, локација, локација
Сте забележале ли дека за да стигнете до тоалетот или за да земете нови жетони поминувате покрај апарати што ве искушуваат?
Трикот е во тактичкото местење на апаратите на места кои ви се при рака со цел да трошите повеќе.
Повремена добивка
Ништо не носи надеж, како среќното лице на играчот до вас. Ако некој може да добие, тогаш можете и вие е најголемиот казино трик.
За жал, ризикот да изгубите е многукратно поголем отколку можноста за добивка, па размислете добро дали воопшто вреди да се обидувате.
С. С. | Црнобело